Македонските работници најчесто се жртви на политички мобинг

Многу работници во Македонија се жртви на психолошки малтретирања на работното место, односно мобинг, но малкумина се осмелуваат да пријават поради страв дека ќе останат без работа, особено кога нарушувањето доаѓа од сопственикот. И додека истражувањето на Сојузот на синдикати покажува дека околу 40 отсто од анкетираните работници во земјава биле жртви на мобинг, лани на тоа се пожалиле само 48 лица. Од нив 33 од јавниот и 15 од приватниот сектор. Професорот по трудово право Лазар Јовевски вели дека мобингот може да биде и сексуален, а не само психолошки.

Истражувањата покажуваат дека во Македонија најчест е политичкиот мобинг, кој е поврзан со заканите или казните кои работниците ги добиваат само поради нивната политичка определба, која може да се разликува од онаа на работодавачот или директорот.

Професорот Јовевски објаснува дека заштита од психолошки мобинг од колега на работното место прво мора да се бара кај работодавачот, но доколку психичкото насилство доаѓа од него, тогаш работникот мора писмено да му се обрати на работодавачот.

Најчеста причина за мобинг е да се натера жртвата сама да си даде отказ од работното место.

Инаку, оваа појава во Македонија е регулирана преку Законот за заштита од вознемирување на работното место, познат и како закон за мобинг. Меѓу поттикнувачите на оваа појава е честото менување на директори, исто како што се менуваат владејачките политички партии, па новите раководители честопати психички ги малтретираат вработените од претходните раководни партии.

Превземено од: https://alsat.mk/mk/najchest-oblik-na-mobing-vo-makedonija-e-politichkiot/

Последно