Левица: Темелко Ристески ги извиси пензионерите

Реакција на политичката партија Левица

Во време кога пензионерите здружено се обединија да го побараат тоа што реално им следува – пензии кои ќе им овозможат достоен живот – наместо поддршка, добија критика од претседателот на Партијата на пензионерите – Темелко РИСТЕСКИ.

Темелко Ристески, наместо како претседател на Партијата на пензионерите да ги застапува нивните интереси, излезе со став дека линеарното зголемување на пензиите не било правично и дека треба тие со поголеми пензии да имаат поголемо зголемување, бидејќи плаќале поголема придонеси во ПИОМ.

Инаку, Ристески важи за верен владин апологет, кој стана познат за јавноста кога се обзнани негов извештај до Министерството за одбрана, каде меѓу платените активности, се и пропагандни текстови за власта на СДС.

Од тука, јасно е дека претседателот на партијата која што, не само што треба да ги подржи барањата на пензионерите – туку треба и да ја предводи нивната борба – наместо да застане рамо до рамо со пензионерите кои што протестираат, очигледно се бори за ЛИЧНИ интереси, а не за интересите на сите пензионери!

Јавно го прашуваме Ристески – дали тој би издржал еден месец со минимална пензија, како што преживуваат мнозинството пензионери?

Левица, како партија која се бори за социјална правда, го поддржува денешниот протест на пензионерите и ги повикува и останатите граѓани да се придружат на заедничката борба за достоинствен живот на сите!

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid04RXbXo2rFBn1KmxThPZq1CszBNCSfMvjDKbkpdiqkRWFghHtRueNdCT2mjwfxy5Xl
Последно