Левица со поддршка за протестот на лицата со попреченост

Соопштение на социјалниот сектор при политичката партија Левица

Безрезервно го подржуваме најавениот протест на лицата со попреченост, кој треба да се одржи на 07.06.2023г во 12 часот, пред Владата на Република Македонија.

Левица не е организатор на протестот, но како и досега, даваме безрезервна подршка на сите борби на лицата со попреченост во остваарувањето на нивните права.

Левица не е нем посматрач на борбата за правата на лицата со попреченост.

Напротив, досега имаме превземено низа активности за упапредување на правата на овие лица.

Најзначајно е поднесувањето на Предлог закон за двојно зголемување на посебниот додаток за децата со посебни потреби, како и зголемувањето на додатокот за образовни асистенти во град Скопје.

Левица даде подршка и на минатогодишниот протест на лицата со попреченост, кога група на родители остварија средба со пратеникот Борислав Крмов.

За жал, поради фактот дека Левица има само двајца пратеници и нема мнозинство во Парламентот, предлогот за двојно зголемување на посебниот додаток не беше усвоен, бидејќи не доби подршка од владеачкото мнозинство.

Во секој случај, Левица ќе го продолжи континуитетот на подржување на секоја борба за правата на лицата со попреченост и ќе дава подршка на секој протест за поголеми права на овие лица, без разлика кој е организатор на истите.

https://www.facebook.com/levica.socijalen.sektor/posts/pfbid0vz7DxQ5eWcniPGoERFwNDvrSmBWw9WUpsH8npuGaLTeiv378AhLziDrgLKpkvaXfl
Последно