Загрижени граѓани од населеното место Скопје Север изминативе неколку денови не алармираа дека нивниот долгогодишен проблем, реконструкција на крововите на станбените згради општината го решава само на хартија.

Проблемот на овие граѓани се јавува секогаш кога ќе има поголема количина на дожд или пак снег. Во есенските и зимските денови каде дотраените кровови протекуваат и водата навлегува во становите од горните катови, притоа ја уништува покуќнината, каде непријатниот мирис на влага и мувла е секојдневие за жителите на Скопје Север.

Општина Бутел секоја пролет распишува јавен повик за реконструкција на кровови и поставување на енергетски ефикасни фасади. Притоа во конкурсот наведува дека општината ќе учествува со 40 % од цената а притоа таа да не биде повеќе од 1 000 000 денари од вкупниот износ на предвидената инвестиција. Рокот за апликација е 30 дена и апликација ќе се смета за успешна доколку 80% од станарите ја имаат потпишано.Секогаш јавниот повик завршува неуспешно.

Загрижените граѓани информираат дека имале повеќе од три обиди да стапат во комуникација со координаторот на проектот во општината но за жал не добиле никаков одговор од истиот. Како главен проблем граѓаните го посочуваат краткиот рок за аплицирање, особено ако се знае дека огласот беше објавен во временски период кога беа двата најголеми верски празници и недостапноста и немањето на комуникација со координаторот на проектот за да може да се подготват и исполнат потребните услови за апликацијата да биде успешна.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата и неопходноста од итна акција Левица апелира за поголема транспарентност и комуникација помеѓу општината и граѓаните, каде решавањето на проблемот на овие граѓани ќе биде еден од приоритетите во периодот што следи. – Се вели во соопштението на ЛО Бутел при политичката партија Левица