Левица: Потребно е системско решение за меѓуврсничкото насилство – не паушални решенија

Реакција на сектор образование при политичката партија Левица

По немилите настани во соседна Србија јавноста се освести за изложеноста на учениците на насилство во училиштата ширум државата. Експресно беа креирани мејл адреси за пријавување насилство и по два дена власта соопшти дека веќе добиле десетици пораки.

Но, што потоа? Кои механизми ќе се активираат по примањето на тие пораки? Дали има такви механизми?

Што имаат на располагање училишните психолози? Дали имаат на располагање соодветни психолошки тестови? До која институција треба да се обратат натаму? На каков начин е третирано меѓуврсничкото насилство во Законот за основно и Законот за средно образование?

Многупати укажуваме на фактот дека споменатите закони се на ниво на приказни затоа што истите не предвидуваат механизми за операционализација на тоа што во нив е наведено како заложба.

Во недостаток од соодветни решенија, деновиве власта излезе со небулозни предлози, како предлогот двапати годишно да ги тестираат сите ученици од деветто одделение и од средно образование за присуство на дрога. Дали преку ваквата активност треба да им се испрати порака на учениците дека општеството очекува да злоупотребуваат дрога, затоа рутински и редум ќе ги тестира? Или, со предлогот веќе испратија порака дека наркомафијата им е недопирлива, исто како што се недопирливи казината и кладилниците, а судството секојдневно испраќа недвосмислени сигнали дека криминалот се исплаќа затоа што е неказнив.

https://www.facebook.com/levicaobrazovanie/posts/pfbid02BALVjXNVW3EcUYSY1RSWs3D4zHPMTN8rZGrjJReiGTiJnWUPg1e7zUQ3bpQqgUiCl
Последно