Левица: По зголемувањето на платите на функционерите – ќе се зголемат и цените на основните производи

Реакција на политичката партија Левица

Владата, предводена од слугите на олигархијата СДС и ДУИ, по остварена средба со Стопанската комора одлучија од 1-ви Јуни да ги „одмрзнат“ цените на основните прехрамбени производи!

Ова одмрзнување на цените доаѓа откако владините фунцкионери си ги покачија платите за 78% во време на висока инфлација и голема економска криза. Потсетуваме дека пратениците на #Левица се единствените кои поднесоа Барање до Парламентот за намалување на платите на функционерите.

Со одмрзнувањето на цените, Владата дополнително го утежнува секојдневното преживување на граѓаните во Македонија. Според државниот Завод за статистика на годишно ниво, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11 отсто.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, со неговата покачена плата од 127 000 денари, нема да забележи голем раст на цените – но работниците кои преживуваат со минимална плата дефинитивно ќе забележат пад и во веќе лошиот животен стандард.

Наместо повторно кризата да удри по грбот на најсиромашните, анти-работничката власт треба да престане со пролонгирањето на воведувањето на Законот на екстра профит и конечно да го откочи процесот – како мерка која голем број европски држави ја воведоа за амортизирање на социјалната неправда.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid02FJPgT6ujtV26xwiNBQsptPdx5t4AXHzk3zTxdKsksnvnyWnGRVjkCncsjZ2osJN7l
Последно