Соопштение на ЛО Ѓорче Петров при политичката партија Левица
Изминатите денови, излезе на виделина бизнис енергетската коалиција СДС-ДПМНЕ која не запира во задоволувањето на партиско-олигархиските апетити на поединци преку доделување на општински договори за набавка на електрична енергија.
Пријателството Анѓушев – Мицкоски, градоначалниците на ДПМНЕ го обремениле со 389.943.936 денари народни пари преку тендерски постапки за набавка на електрична енергија во корист на Анѓушев.
Градоначалникот Александар Стојкоски побрзал да го послуша својот шеф Мицкоски, па така, преку празнење на општинската каса, го почастил пријателството Мицкоски-Анѓушев со 21.240.000 народни пари.
Имено, Општина Ѓорче Петров на почетокот на 2023 година склучила договор во вредност од над 345.422 евра за набавка на електрична енергија со фирмата ЕДС, чиј довчерашен сопственик беше екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Со ова, уште еднаш имавме можност да воочиме како Александар Стојкоски, со неговата позната мантра “нема пари, Општината е презадолжена“, ја злоупотребува својата функција и општинската каса за финансирање на партиски другарчиња.