Соопштение на ЛО Неготино при политичката партија Левица
На последната седница на Советот на Општина Неготино, коалицијата на СДСМ и ДПМНЕ изгласаа осумнаесет нови партиски вработувања коишто ќе ја чинат општината енормни 146,000 евра годишно.
Со ова само се потврдува нефункционалноста на општината којашто наместо да работи за доброто на граѓаните на Неготино, во нејзин интерес се само партиските кадри.
Ваквата коалиција придонесува до голема разочараност кај граѓаните, а младите од општината спасот почнаа се почесто да го наоѓаат надвор од Македонија, најмногу токму поради трендот на партиски вработувања.
Да потсетиме дека пред создадената коалиција на СДСМ и ДПМНЕ, слични вакви обиди во последните две години имавме не само во Општина Неготино, туку и во ЈП формирани од Советот на Општината, каде советникот од редовите на ЛО Левица Неготино, Леон Ристов, беше пресудувачкиот глас кој ги сопираше ваквите намери, со глас даден во полза на народот, а против ваквите крајно штетни тесно партиски интереси!