Левица: Касами не дозволува македонските клубови да го користат стадионот

Реакција на Политичката партија Левица

Етнотрибалистичките испади на градоначалникот од Беса, Касами, не престануваат. Од ФК ТЕТЕКС денес објавија дека уште од февруари не им е дозволено да ги користат стадионите во Тетово, а ексклузивно право има ФК Шкендија.

Кога анти-државната Беса нема што да понуди за граѓаните, прибегнува кон етношовинизам, па така само ФК Шкендија има право да ги користи градските стадиони, додека ФК ТЕТЕКС и ФК ЉУБОТЕН не добија ни образложение зошто не смеат да ги користат стадионите.

После скандалозно организираниот пречек на Курти од страна на Касами, не е изненадувачки ваквата дискриминација кон македонските клубови, од страна на потрошени политичари заглавени во идеи од минатиот век.

Левица го осудува ваквото однесување на Општина Тетово и Касами, особено во спортот и ќе ги поддржи македонските клубови на протест против локалната власт за ваквото самоволие!

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid0PvWWAKzBxe2pKB4fqwmL8NgwVoAQXMMPLiTHExm3PeZXUE8sqitZYsbxQU8Sfachl
Последно