Соопштение на Левица – Град Скопје
На вчерашната 32ра Седница на Советот на Град Скопје, преку советничката група на СДСМ, Министерството за култура поднесе Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот ЈУ Универзална сала од Град Скопје на Министерството за култура при Влада на РМ.
Иницијативата беше изгласана со заеднички гласови на СМСМ и ДПМНЕ. Иницијативата беше на дневен ред и на претходните седници, но тогаш истата не беше поддржана од советничката група на ДПМНЕ, но сега, на вчерашната Седница, оваа советничка група одлучи да ја поддржи иницијативата, односно, да прифати Универзална сала да биде градена од страна на Министеството за култура раководено од најнеспособната и скандалозна министерка, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Советничката група на Левица во Град Скопје гласаше против ваквата одлука, а координаторот, Реџеп Исмаил-Хактан, во своето излагање во Советот, укажа на грешката која Советот ја прави со предавање на сопственоста на ЈУ Универзална сала во рацете на Министерката за култура, која и културните работници но и институциите под нејзина ингеренција ги има оставено на забот на времето. А културата воопшто, под палката на Министерката Костадиновска е претворена во партиска пропаганда на владеачката гарнитура!
Координаторот на советничката група на Левица м-р Реџеп Исмаил – Хактан на фејзбук напиша:
Министерката за НЕкултура, Бисера, ака скафандерка, преку СДСМ во Советот пушта иницијатива за да ја превземе градбата на Универзална сала, демек Градоначалничката не била способна ама она била способна?!
А советниците на ДПМНЕ, претходно беа против, сега не знам што се смени, ко кротки јагненца си гласаа за иницијативата, и на Груби му поклонија уште еден тендер.