Пензионерите не се откажуваат од своите барања за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и минимална пензија од 18.000 денари.
Владата овие нивни барања не ги прифаќа, со образложение дека Фондот не може тоа финансиски да го издржи и дека ќе се доведе во прашање редовната исплата на пензиите.
На ова реагираа пензионерите, кои на протестот одржан во вторникот пред Собранието на Република Македонија прашаа, дали финансиската неликвидност на Фондот е поради тоа што Шаип Зејнели потпишал договор за исплата на пензии на косовски државјани, кои што не работеле ниту еден ден во Македонија?
“Како е можно Фондот да има средства за да исплаќа пензии на косовски државјани, а да нема средства за зголемување на пензиите на матичните граѓани” – прашаа пензионерите на неодамнешниот протест.
Ги повикуваме сите надлежни иституции да постапат согласно нивните надлежности и да испитаат дали наводите искажани од пензионерите се вистинити и ако се, да постапат согласно нивните законски ингеренции. – Се вели во соопштението на социјалниот сектор на политичката партија Левица