Вечерва, во револуционерното Куманово, Левица одржа народен митинг каде свое излагање имаа претседателската кандидатка, проф. д-р Билјана Ванковска, носителот на пратеничката листа за ИЕ2 на Левица – Амар Мециновиќ и претседателот на партијата – проф. Димитар Апасиев!

,,Сите шестмина, колку и да изгледаат различно, припаѓаат на иста политичка матрица која се обидува да ја сочува оваа статус-кво состојба” – рече Билјана Ванковска, претседателска кандидатка на Левица, вечерва во Куманово.

„За нив Сонцето изгрева на запад, за нас Сонцето се движи. Нас нè тераат да се самоцензурираме, да се плашиме да кажеме сè што е на М. Тие ја упропастија државата, уништија се – од здравство, судство, образование… А нам ни велат дека користиме штетни наративи? – Не, ние ја говориме вистината“, изјави Ванковска.

Носителот Мециновиќ продолжи: ,,Не може веќе некој да се богати на грбот на народот. Верувајте не’ нѝ се врзани рацете само треба да дојде на власт партија која ќе ја претставува работничката класа.

Ние како граѓани, како работничка класа и како конститутивен народ на оваа држава ние – сме кичмата на оваа држава. И ние ако сакаме национализација на ресурсите, нека е 100 пати австриска ЕВН и амбасадорите и нека се жалат до утре, тоа е тоа – ние ќе бидеме управувачи на својата судбина!”