Борбата за Македонија ја започнуваме во Струмица, во т.н. ,,бастион на заевизмот – со јасна порака: СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар. Оттука, ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достонството на Република Македонија.

Свое обраќање во Домот на културата ,,Антон Панов“ – Струмица ќе имаат кандидатката за претседател на Република Македонија проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на ИЕ 1 проф. д-р Димитар Апасиев, како и носителот на ИЕ 4 Сашко Јанчев.

На ден 4-ти април 2024 година (четврток) со почеток од 19 и 30 часот ве каниме заедно да ја отпочнеме достоинствената народна борба.

На крајот, ние ќе победиме. – Стои во соопштението на политичката партија Левица.