Криминалот на онкологија прекршува бројни меѓународни регулативи – Левица со поддршка за протестот

Соопштение на политичката партија Левица

Една онколошка клиника треба да ги исполнува различни меѓународни стандарди и насоки за да обезбеди квалитетна и безбедна здравствена нега на пациентите. Повеќе од најважните меѓународни стандарди и насоки кои се однесуваат на онколошките клиники се прекршени во последните 5 години, од кога постојат докази за отстранување на автоматизираниот систем за подготовка на цитостатската терапија и докази за крадење на цитостатици кои се продаваат на црниот пазар во Косово.

ISO 9001:2015 QMS: Овој стандард вклучува барања за управување на квалитетот во организациите. Кражбата на лекови и нивната продажба на црниот пазар ги нарушува принципите на овозможување и контролата на квалитетот во клиниката.

ISO 15189:2012 Medical Laboratories – Requirements for Quality and Competence: Подготвувањето на цитостатиците било рачно, иако бил набавен автоматизиран систем за подготовка на цитостатската терапија. Со тоа тенденциозно се зголемувале можностите за контаминација на терапијата, а се овозможило и бајпас на регулирањето на количините на лекови кои се користеле за подготовка на терапијата. Со тоа е прекршен и овој меѓународен стандард.

Етички кодекси и стандарди за здравствени работници: Кражбата на лекови и нивната продажба на црниот пазар од страна на медицинскиот персонал е сериозно етичко нарушување и има сериозни последици во врска со професионалната одговорност и етика на здравствениот персонал. Ова резултираше со нарушување на довербата која пациентите ја имаат во оваа здравствена институција. Само конкретни обвиненија од страна на ОЈО, за сите вработени на Клиниката за Онкологија кои биле дел од криминалната мрежа на продажба на цитостатици на црниот пазар би биле лекција за идните генерации кои би го преземале професионалното унапредување на работата на онколошката клиника.

Потсетуваме дека кражбата на цитостатици е кривично дело и според Кривичниот законик на Република Македонија, а вклучените во кражбата на цитостатици прекршиле бројни членови и од Законот за здравствена заштита на Република Македонија, како и од Законот за лекови и медицински средства.

Очекуваме ОЈО да излезе со конкретни обвиненија час поскоро. Левица ќе го поддржи следниот протест пред Владата на Република Македонија во понеделник, на 25-ти септември во 18 часот – против ненаситните профитери од владејачките партии.

Се вели во соопштението на Левица

Последно