Кинескиот Јуан се’ позастапен во глобалната трговија, полека го истиснува доларот

Трговијата во која како платежно средство се користат јуани е во пораст и Кина треба дополнително да ги придобие растечките интереси за користење на јуанот преку регионален трговски договор и офшор трговски центри, вели најновиот извештај на кинеската централна банка.

Додека Пекинг притиска да ја зголеми глобалната употреба на валутата на „уреден“ начин, 15-те држави членки на Регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) сочинуваа 18,9 отсто од дознаките деноминирани во јуани во Кина минатата година, во споредба со 15,9 отсто во 2021 година и само 7,1 отсто во 2020 година, објави Bank of China.

Исто така, постои силна намера да се прошири прекуграничната употреба на јуанот во RCEP поддржан од Кина, во кој се вклучени 10-те членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) – Австралија, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Лаос, Малезија, Мјанмар, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Повеќе од 90 отсто од кинеските и странски компании се со став дека силно веруваат дека користењето на јуанот во прекуграничните плаќања би можело да биде стабилно во азиско-пацифичкиот регион кога ликвидноста меѓу главните валути доживува удари, се вели во истражувањето на државната банка на Кина.  „Во 2022 година, Федералните резерви на САД продолжија да ги зголемуваат каматните стапки, ликвидноста на американскиот долар се затегна, а привлечноста на финансирањето на јуани за играчите во странство се зголеми“, се вели во извештајот.

Во извештајот, исто така, се додава: „78,6 отсто од интервјуираните странски индустриски и комерцијални претпријатија рекоа дека кога ликвидноста на меѓународните валути како што се американскиот долар и еврото е релативно слаба, тие би го избрале јуанот како нов избор на валута за финансирање, а овој сооднос е зголемен за 7,4 процентни поени во споредба со резултатите од истражувањето во 2021 година“.

Истражувањето, спроведено меѓу 30 јануари и 27 февруари, користело податоци и повратни информации од 3.600 домашни и странски индустриски и комерцијални претпријатија, како и од 82 странски финансиски институции, како и податоци од глобалниот систем за финансиски пораки Свифт.

Речиси 80 отсто од испитаниците, според Bank of China, исто така, предвидуваат дека јуанот за 10 години од сега ќе ужива меѓународен статус кој не е послаб од британската фунта и јапонскиот јен, иако бројката од 79,8 отсто беше малку пониска од 81 отсто во 2021 година и 80,2 отсто во 2020 година.

Потенцирајќи го растот на тргувањето со јуани во Русија минатата година, Банката на Кина гледа потенцијал во тргувањето со јуани во Африка, нагласувајќи дека кинеските финансиски институции во Замбија, Јужна Африка, Ангора, Џибути и Маурициус можат да размислат за понуда на услуги за депозит во јуани, заеми и дознаки.

Меѓу офшор центрите за јуани во Источна Азија, ненаплатените депозити во јуани во Јужна Кореја се намалија за 4,8 отсто во 2022 година на 1,78 милијарди американски долари од пред една година, соопшти Банката на Кина.Сепак, имаше зголемување од 14,4 отсто во вкупниот износ на дознаки и плаќања деноминирани во јуани во Јужна Кореја во споредба со 2021 година, се додава во извештајот.

РУСКА НАФТА – СО КИНЕСКИ ПАРИ

Кина се однесува претпазливо кога станува збор за дополнително зголемување на глобалната употреба на јуанот, кој допрва треба да биде целосно конвертибилен. Втората по големина светска економија и извозен гигант, продолжува да држи строга контрола врз прекуграничните текови на фондовите и управува со девизниот курс на јуанот.

Русија ја зголемува продажбата на девизи што се чуваат во нејзиниот имотен фонд бидејќи приходите од нафта и гас слабеат поради пониските цени на енергијата. Министерството за финансии на Руската Федерација минатата недела соопшти дека од 7 јуни до 6 јули ќе бидат продадени по околу 3,6 милијарди рубљи девизи, што е вкупно 74,6 милијарди рубљи (900 милиони долари) за месецот.

Поголемиот дел од странската валута што се чува во Националниот фонд за богатство е во јуани, а трансакциите во западните валути се ограничени со санкции. Во мај Кремљ продаде 2,6 милијарди јуани и 3,85 тони злато за вкупно 49 милијарди рубљи.

Откако руските резерви на западни валути беа замрзнати по нејзината инвазија на Украина минатата година, Москва првенствено се потпира на залихите на кинески јуани во нејзиниот богат фонд за покривање на буџетските дефицити, кои беа под поголем притисок поради зголемените воени трошоци.

Се повеќе држави, исто така, кои набавуваат сурова нафта од Русија, се одлучуваат за набавките да плаќаат во јуани. Пакистан, кој се наоѓа во сериозна финансиска криза, а пред него и неговиот сосед Индија, се само некои од државите кои дел од својата трговија со Русија ја обавуваат во кинеската национална валута.

Последно