Ноќе, Иранската револуционерна гарда изврши групни напади со балистички ракети и беспилотни летала врз две групи цели во Ирак и Сирија. Како одговор на терористичките напади во Иран и нападите врз командантите на шиитските милиции во Ирак.
Нападите на Керман и Раск беа извршени врз цели поврзани со терористите на Исламската држава и други терористички групи во Сирија. На удар биле и објекти на Туркистанската исламска партија во делот на сириската провинција Идлиб контролиран од милитантите.
За возврат, како одговор на нападите против командантите на Иранската револуционерна гарда и силите на Отпорот на Блискиот Исток, беа извршени напади врз цели поврзани со израелското разузнавање, односно МОСАД во градот Ербил, Ирачки Курдистан. Познато е дека меѓу загинатите е еден од најбогатите луѓе во Ирачки Курдистан, Пешро Дизаји, кој што работел со Израел и соработувал со МОСАД.