Марко Мариниќ е долгогодишен истакнат активист на Млади Социјалисти Хрватска (МСХ) и студент по Социологија и историја на филозофскиот факултет при универзитетот во Загреб. Со него го имавме задоволството да разговараме за многу интересни работи во однос на политичката ситуација во Хрватска и како (младите) социјалистите се вклопуваат во неа.
Бидејќи македонската јавност не е доволно информирана, ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе за Вас и Вашата организација?
М.М: Како што пишува на нашата веб-страница, socijalizam.info, МСХ е младинскиот огранок на Социјалистичката работничка партија на Хрватска, основана во 1997 година од Стипе Шувар во времето на екстремно десничарската реакција во Хрватска.
Работиме меѓу младите и првенствено се занимаваме со промовирање на идејата за социјализам и се залагаме за укинување на капитализмот и воспоставување влада на работничката класа и бараме напуштање на Европската унија и НАТО пактот. Млади социјалисти има членови низ цела Хрватска, но значителен дел од организацијата се наоѓа во Загреб, главниот град и најголемиот град на Хрватска. Долги години се бориме за повторно воспоставување на социјализмот во Хрватска.
Гледаме на социјалните мрежи дека сте многу општествено активни, ќе може ли да ни ги опишете вашите последни активности и кој е вашиот начин на дејствување воопшто?
М.М Општо земено, онлајн присуството е клучно во денешната дигитална доба, без разлика дали тоа им се допаѓа на некои луѓе или не. На овој начин се трудиме да допреме што е можно повеќе социјалистичка младина не само во Хрватска, туку и во светот, што досега се покажало успешно, а меѓународната соработка на социјалистичката младина ја сметаме за исклучително важна.
Конкретно, постапуваме на различни начини, но најважно е да бидеме видливо активни меѓу младите, што вклучува организирање демонстрации и солидарни акции, заедно со ажурирано следење и одговор на проблемите на младите во Хрватска. Последната активност ни беше делење храна на сиромашните во Загреб, што планираме да го повториме до крајот на годината, а следната недела ќе учествуваме на демонстрација на солидарност со Палестинскиот народ.
Кои се некои од предизвиците со кои се соочувате како младинска организација која се залага за социјализам?
М.М: Еден од најголемите проблеми на земјата е масовното иселување на работници во земјите на ЕУ. Како резултат на тоа, има се помалку млади луѓе во Хрватска кои се способни да се залагаат за социјализам. Дополнително, целосната доминација на масовниот туризам во крајбрежните области на Хрватска е одговорна за огромниот пораст на цените, а денес речиси една третина од жителите на земјата живеат блиску или под прагот на сиромаштијата, исто така постепено се гледа и целосната транзиција кон изнајмување на станови.
Сето горенаведено создава деморализирачка клима во државата, што се одразува и на ставовите на младите. Добар дел од нив не планираат да останат во земјава, па затоа секоја форма на организација им е излишна. Дополнително, генерацијата од 2000-тите е првата што се раѓа и по распадот на Југославија и по завршувањето на војната, што значи дека немаат лично искуство со овие теми, а бидејќи владејачката десница го заснова својот легитимитет за омразата кон Југославија, политиката се спроведува во училиштата предавања за историја кои се идеолошки прифатливи за нив.
Тоа предизвика подем на нов бран реакции кај младата популација, па и ние мора да се справуваме со тоа, но и да внимаваме кога се изложуваме јавно.
Наша задача, значи, е да создадеме ефикасно јадро на млади луѓе кое ќе може да функционира без оглед на овие проблеми. Тоа е напорна работа, но ние сме на вистинскиот пат.
Како би ја објасниле политичката сцена во Хрватска во моментов?
М.М: Состојбата на хрватската политичка сцена е летаргична. ХДЗ, десничарската конзервативна партија која ја формира Владата, има доминантна улога во политиката од основањето на државата, а нејзиното влијание го отежнува прикажувањето дури и позитивна слика за социјализмот и Југославија, која тие ја воспоставија во Уставот. на Републиката.
Парламентарната опозиција или е недоволно остра или не може да пружи отпор во повеќето случаи. Понатаму, како членка на ЕУ и НАТО пактот, по овогодинешното приклучување на Хрватска во Шенген зоната и промената на валутата во евра, може да се каже дека на Хрватска и успеа долгорочниот план на неолиберализмот. Западниот капитал на тој начин доби директна политичка и економска основа во регионот, а можноста за работничко движење беше значително попречена.
Сепак, значаен дел од младите немаат негативен поглед на социјализмот, што може да се види од мноштвото прогресивни социјални дејства низ државата, како и од одбележувањето на работничките комеморации. Прашањето сега е дали оваа прогресивна енергија може да се преточи во идното работничко движење. Ние веруваме дека тоа може, и веруваме дека ние сме тие што можеме да го направиме тоа.
Интервјуер: Кристијан Димков