ФИТР, Фонд за иновации и технолошки развој, кој треба да претставува движечка сила за стартапите и иновативните компании во Република Македонија повторно е во центарот на вниманието. По скоро половина година, откако од ФИТР беа доделени 82 илјади евра на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети сега повторно се доделуваат средства на членови блиски до ДУИ и СДС и до раководството на Фондот.
Така Висар Рамадани, син на Исмет Рамадани, кој е на работно место шеф на сектор за проекти во ФИТР, на име на заедничка компанија со својот бизнис партнер, во која Висар е и управител си доделил 40 илјади евра грант од ФИТР.
Гранд добил и Имер Селмани, поранешен министер за здравство и претседателски кандидат. Грантот кој е доделен на неговата компанија БИС-ОИЛ е ни повеќе ни помалку туку 330.000 евра. Со овие пари Имер Селмани и БИС ОИЛ ќе развивале систем за собирање, преработка и обновување на отпадните моторни масла.
Моментално ФИТР која е водечка владина институција за поддршка има кофинансирано над 985 нови компании, со вкупна вредност од над 118 милиони евра. Меѓутоа СДС и ДУИ со државни пари преку фиктивни вработувања, проекти и нови компании си го создаваат новото гласачкото тело за престојните избори.
Во момент кога се наоѓаме пред историски избори, граѓаните мора да бидат свесни што се случува и со какви методи се служи власта за да остане на власт. Тоа се пари на народот кои челниците на ДУИ и СДС си ги делат на свои блиски луѓе. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.