Еврозоната официјално влезе во рецесија – Два последователни квартали со негативен раст

БДП низ еврозоната се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа година.

По Германија и еврозоната влезе во рецесија покажуваат новите податоци, пренесува британски Гардијан.

БДП низ еврозоната се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа година. Овој резултат се разликува од првичните проценки за првиот квартал, кои предвидуваа скромен економски раст во еврозоната од 0,1 отсто. Во последниот квартал од 2022 година е забележан и пад на БДП од 0,1 отсто, така што по два последователни квартали негативен раст, еврозоната влезе во блага рецесија.

Германија претходно влезе во рецесија. Нејзината економија се намали на квартално ниво за 0,3 отсто, додека економски раст е забележан во Франција – 0,2 отсто и Италија – 0,6 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,3 отсто на квартално ниво, како во еврозоната, така и на ниво на ЕУ.

Државните трошоци се намалени за 1,6 отсто во еврозоната и за 0,9 отсто во ЕУ.

Квартално, извозот падна за 0,1 отсто во еврозоната, а во ЕУ се зголеми за 0,1 отсто, додека увозот падна за 1,3 отсто – и во еврозоната и во ЕУ.

За разлика од еврозоната, економијата на ЕУ забележа благ квартален раст од 0,1 отсто.

Најголем економски раст во однос на претходниот квартал е забележан во Полска – од 3,8 отсто, Луксембург – 2,0 отсто и Португалија – 1,6 отсто, додека најголем економски пад е забележан во Ирска – за 4,6 отсто, Литванија – за 2,1 отсто и Холандија – за 0,7 отсто.

Европската економија е погодена од нарушувањето предизвикано од војната во Украина, што го поттикна растот на цените на енергијата и храната.

Инфлацијата во еврозоната во март беше најниска во последните 13 месеци. Тоа предизвика серија зголемувања на каматните стапки додека Европската централна банка се обидуваше да се справи со зголемената инфлација.

Највисок раст на БДП во однос на претходниот квартал забележа Полска (+3,8 отсто), потоа Луксембург (+2,0 отсто) и Португалија (+1,6 отсто).

Превземено од: https://plusinfo.mk/evrozonata-ofici-alno-vleze-vo-recesi-a-dva-posledovatelni-kvartali-so-negativen-rast/
Последно