Денес (14.04.2024) во Домот на Културата ,,Иван Мазов-Климе” во Кавадарци своите заложби и програми ќе ги претстават: претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на пратеничката листа за ИЕ1 проф. д-р Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа за ИЕ4 м-р Сашко Јанчев!
Кавадарци е жртва на распаѓањето на системот преку богатење на олигарси. Само мал пример за тоа се комбинатите Тиквеш и Страшо Пинџур кои оставија илјадници на улица!
Кавадарци е жртва на бугарскиот фашистички окупатор, а вечен траг на тоа се дванаесетте деца од Ваташа свирепо застрелани на Моклиште!
Дојдете за да ги афирмираме нашите цврсти верувања на македонскиот работник! Стои во соопштението на политичката партија Левица.