Откако се затворија две фабрики на американската компанија за производство на автомобилски седишта Адиент во Србија, вработените во истата компанија во Штип и Струмица стравуваат за своите работни места со надеж дека нема да останат на улица.
По цели 11 години работа американсаката компанија за производство на автомобилски седишта „Адиент“ во Крагујевац одлучи да го запре целосното производство. Менаџерскиот тим на Адиент – Крагујевац неможејќи да најде партнер за користење на производите на улица ќе остави 140 активно вработени лица од Крагујевац.
Адиент во Република Македонија има свои две локации на производство – Штип и Струмица. Објектот за производство на Адиент Штип брои околу 2000 вработени лица кои изработуваат производство на навлаки за автомобилски седишта. Адиент Струмица од друга страна, има околу 1500 вработени лица чиј фокус е производство на автомобилски седишта.
Директната буџетска помош што се одвојува за странските компании во ТИР зоните е висока и се реализира нетранспарентно, преку различни буџетски ставки, каде тешко може да се лоцира и процени колку народни пари досега се одлеале од буџетот. Затоа, иако претходната влада во Македонија го воведе моделот ТИРЗ, понатаму продолжи да го промовира ѝ оваа Влада без да направи поголеми промени, ниту пак, анализи за досегашните ефекти од постоењето на овој системски приод.
Нашата економија мора да им овозможи доволно шанси на македонските компании да инвестираат, во споредба со она што го користат странските компании во нашата земја.
Левица се залага за системски промени, државата да вложува во стратешки сектори, како ѝ во сите сектори кои не се доволно развиени и нè прават зависни од увоз. Да се соработува со странски компании и инвестиции кои се од стратешко значење за македонската економија, со исполнување на однапред дефинирани услови кои ќе ја подобрат финансиската и економска државна моќ. – се вели во соопштението на Левица – Сектор Економија.