Да го зачуваме Лисиче со нов протест против бетонизацијата

Како што најавија на крајот од протестот минатата недела, граѓанската иницијатива „Да го зачуваме Лисиче“ ќе излезе на протест и оваа недела.

Граѓаните повторно ќе протестираат бидејќи со новиот предлог ДУП на општина Аеродром планирани се поголем број на висококатници во населбата Лисиче кои како што велат лисичани „ќе не направи затвореници во сопствените домови“

Протестот ќе се случи на 21 јуни, среда во 17:30 часот а ќе трае до 18:30 часот на булевар Србија, поконкретно кај крстот на влез во населба Лисиче.

Повеќе информации: https://www.facebook.com/events/998445321154243/?ref=newsfeed

Последно