RTE News објави дека се интензивираат разговорите меѓу Даблин, Мадрид, Љубљана и Ла Валета за потенцијалното заедничко признавање на палестинската државност.
Ирската телевизија тврди дека тие земји чекаат гласање на Генералното собрание на Обединетите нации, може да резултира со отворање на патот на Палестина за членство во организацијата.
Четирите земји во заедничката изјава на 22 март соопштија дека се договориле за првиот чекор кон признавањето на Палестина.
Шпанија и Ирска долго време се застапници на палестинските права. Оваа иницијатива доаѓа во време кога меѓународната заедница повикува на прекин на огнот и долгорочно решение за мир во регионот поради големиот број цивили убиени во израелската офанзива на Газа.
Од 1988 година, палестинската држава е призната од 139 од 193 членки на Обединетите нации.