БРИКС во моментов разгледува околу 30 барања од различни земји, кои предлагаат воспоставување на различни форми на соработка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Прв канал“ во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, објави Политика.

„Во моментов се разгледуваат околу 30 барања од најразновидните земји – и големи, мали и средни, кои предлагаат воспоставување на различни форми на соработка“, посочи дипломатот.

Лавров додаде дека категоријата земји-партнери ќе биде воведена и воспоставена во БРИКС.

„Оваа категорија ќе биде тетално претставена и од аспект на критериумите и во однос на земјите кои можат да претендираат на неа. Русија како претседавач, посветува големи внимание на прилагодувањето на новите земји на веќе постоечките форми и традиции на БРИКС“ објасни рускиот министер

За потсетување, Русија е претседател на БРИКС од 1 јануари. Претседателството започна со додавање на нови членки, покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, БРИКС сега ги вклучува Египет, Индија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија, а Турција изрази желба да се приклучи. Главната валута на руското претседателство е зајакнувањето на мултилатерализмот со цел фер глобален развој и безбедност. Како дел од своето претседавање, Русија ќе биде домаќин на повеќе од 200 политички, економски и јавни настани. Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 5-8. јуни.