„Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање, прв пат имавме претседателски кандидат. Партијата продолжува напред, отворивме над 50 канцеларии во последните две години и очекуваме да го дуплираме скорот на Парламентарните избори.

Влегувањето на Левица во Собранието со поголем број пратеници би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата! Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики, може да замислите со 8, 10 или 12 пратеници. Така што гласот даден за Левица, воопшто не е фрлен глас.”