Над 9 илјади евра е штетата која ја направиле Левица во законодавниот дом на пленарната седница на која се дискутираше за деловникот покажале проценките од направеното вештачење на крим техниката на МВР, собраниската комисија, осигурителната компанија и бирото за судски вештачења.
Ова денеска го потврди собранискиот спикер Џафери и посочи дека сторителите на делото во случајот пратеникот на Левица Борислав Крмов ќе треба да ја плати штетата. Од Кабинетот на Џафери велат:
– Во Собранието има список за направени штети . Во конкретниот случај од направените проценки штетата изнесува околу 9 илјади евра и ќе ја плати сторителот на делото, бидејќи пратеничкиот имунитет не го ослободува од тоа. Си има посебен закон за таква одговорност и секој кој направил штета која притоа е пријавена треба да се плати.
Од Левица пак во телефонски разговор велат дека ова е преголема сума и најавуваат контра вештачење, но и тужба против Џафери. Прашуваат и кој ќе ја плати штетата која ја направи пратеникот Арбр Адеми на собраниската комисија кога во салата летаа тацни и филџани.
Од собраниските служби пак во врска со тој случај на Адеми велат никој не го пријавил тогаш настанот а тоа подразбира и дека сторителот нема да плати штета. По законот за јавни набавки пак од списокот на направени штети во собранието ќе се санираат и штетите направени во ресторанот и фасадата од протестите за францускиот предлог а за настаните од 27 април дополнително во самата кривична постапка ќе бидат утврдени сумите за направените штети.