ОК, ОК НО ШТО БИ БИЛО АЛТЕРНАТИВА?

Алтернатива на капитализмот ќе биде консензусно, договорно, општество во кое ќе можеме да одлучуваме индивидуално и колективно кога тоа ќе биде потребно, како ќе изгледаат нашите животи и нашето опкружување, наместо тоа да ни е наметнато со непишани закони како на пример со закон на понуда и побарувачка. Тоа се закони ако само ние тоа им го овозможиме. Вистина е дека е тешко да се замисли општество кое ќе се темели на соработка бидејќи непрестано не опкружува натпревар. Но такво општество е возможно барем се појавуваа повторно и повторно низ историјата на човештвото и можат да се појават пак доколку ние тоа го сакаме.

За излегување од оковите на натпреварувањето треба да развиеме економија која се темели на дарување наместо на замена, даровителна економија, наместо економија на замена. Во таков систем секој со својот живот може да работи што ќе сака, а на другите ќе може да им го понуди тоа што самиот ќе оцени дека може најдобро да го понуди, без страв од страдање. Производни средства ќе бидат на располагање на сите наместо да се собираат во рацета на најпохлепни поединци, така секој поединец ќе ги има на располагање сите општествени добра. Тие кои сакаат да цртаат ќе цртаат. Тие кои ги обожаваат велосипедите ќе можат да ги поправаат и да ги составуваат за други. Таканаречени прљави работи ќе се распределат помеѓу сите што порамноправно. Сите ќе имаат добивка од тоа за да можат да работат повеќе различни работи наместо да се ограничени на само една улога, како некој дел од машина. Самата работа ќе биде илјада пати попријатна кога ќе нема точни временски ограничувања и шефови кои вршат притисок. Иако ќе биде помала стапката на производството ,општеството ќе има поголема палета на креативни опоравувања кои на нашите животи ќе им дадат смисол и потполност. На крај на краиштата да ли воопшто ни требаат сите тие драгоцености и раскош заради кои денеска сме поробени?

Тоа звучи како некаква утопија и всушност тоа и е, што не значи дека не можеме да си ги подобриме нашите животи.Не ни е потребно да бараме Бушмани во пустина Калахари како пример како е животот надвор од капитализмот, дури и денс во нашето општество има огромен број на примери кои можат да послужат како доказ колку е животот поубав кога работите немаат своја цена. Кога и да се состане група на пријатели и едноставно го заменуваат јадењето, забавата, т.е. чувствително се потпираат еден на друг. Кога луѓето одат заедно да кампуваат и помеѓу себа ги споделат одговорностите, кога луѓето учествуваат во готвење, при создавањето на музиката или било што, што тие го прават од задоволство, а не од желба за пари. Се тоа се практични примери на даровителна економија. Ако си заљубен или ако имаш стварно добар пријател, една од највеселите работи при тоа е да си барем еднаш вреднуван према тоа што си, а не према тао колку вредиш. Какво убаво чувство ќе биде кога ќе можеме слободно да уживаме во животот, а да не мораме непрестано да размислуваме колку голем дел од нас сме замениле за задоволство. Дури и во досегашното општество скоро се што ни носи задоволство доаѓа надвор од оквирот на капиталистичките односи. Зошто тогаш не го бараме секогаш и секаде тоа што така успешно функционира во нашите приватни животи? Ако имаме толку повеќе од односи кои немаат ништо заедничко со присила на сопственоста и натпреварување зошто тогаш од тие присили не ги ослобдиме и работните односи?

Но кој ќе го собира ѓубрето, ако сите го работиме тоа што го сакаме? Зарем група на пријатели кои заедно живееат во стан не го изнесуваат ѓубрето? Можеби не така редовно како кога тоа го прави домаќин, но изнесено е доброволно и не го носи секогаш иста личност. Илузија дека не знаеме да се грижиме за своите потреби без присила на авторитет е големо подценување, обично сожалување на човечкиот вид. Идеа дека сите само ќе седат наоклу и ништо не би работеле, ако за преживувње не ни е потребно да работиме за надредените, произлегува од тоа дека ако за преживување веќе работиме за надредени, повеќе би сакле да седиме и ништо да не работиме.Ако имаме доволно енергија и време за себе, набрзо ќе откриеме како да ја употребиме, како од практични така и од непрактични причини:помисли само колку луѓе со задоволство си средуваат своите градини и ако тоа не треба да го работат заради преживување. Сигурно нема да умреме од леснотија во општеството во кое ќе го расподелиме одлучувањето и моќта, наместо да се бориме за нив. И вистината дека и ден денес толкав број на луѓе страдаат ни докажува дека капитализам не е ништо попрактичен од билокој друг систем.

Често нас не уверуваат дека похлепа е во човековата природа и дека затоа нашиот свет е таков каков што е. Но постоење и на поинакви општества и поинаков начин на живот тоа јасно го побива. Бидејќи еднаш кога ќе сватиш дека современиот капитализам е само еден од илјада начини како човекот живее и меѓусебно соработува, ти станува јасно дека било каква приказна за човековата природа е безсмислена. Пред се сме обликувани од страна на опкружувањето во кое растеме, и денешен човек има сила да изгради свое опкружување. Ако сме доволно амбициозни можеме да обликуваме свет да не преобликува во што се нашето срце ке посака. Да навистина сите ние сме под влијание на чувството за похлепа и агресија што е сосема разбирливо со оглед на тоа да живееме во материјалистички и насилен свет. Но во опкружувње кое би се темелило на други вредности, меѓу нас може да владеат односи кои ќе ни донест повеќе задоволство. Поголемиот дел од луѓето уште сега може да бидат подарежливи кога ќе можат да бираат, тешко е практично бесплатно да се даваат работите во општество во кое мораш да продаваш дел од себе за воопшто да можеш да имаш нешто.

Ако тоа го разбереме, всушност е изненадувачки колку дарови се уште даруваме едни на други.

Луѓето кои зборуваат за човековата природа ќе ни кажеа дека таа природа е составена пред сеод желба за сопственоста и контрола. Но што е тогаш со желбата за разменување и со желбата за работа заради самата работа? Само и тие кои престанале да го работат тоа што го сакаат го бараат задоволството и смислата во сопственост на работите. Скоро сите знаеме дека подобро се чувствуваш ако на луѓето им носиш задоволство, наместо да им ги одзимаш работите. Доброволната работа и искрени дарувања се награди сами за себе. Тие кои мислат дека начелото од секого према неговите средства, на секого према неговите потреби – неправедно го фаворизира тој кој прима, едноставно не разбираат што човекот го прави среќен.

Вистина, привлечна е мислата дека капитализмот е спротиставување на богатите спрема сите други и дека борбата против капитализмот е борба против богатите. Но всушност е во интерес на сите ни е да го решиме таквото општествено уредување. Ако право богатство лежи во слободата и во здружувањето, тогаш сме сите многу сиромашни, бидејќи иако си богат во општество во кое се е непријателски расположено кон тие вредности, всушност само поседуваш најголемо количество на сиромаштија. Тој систем не е резултат на некаква лошотија на неколкумина поединци кои сакаат светска доминација – дури и ако не им успева ништо друго отколку да ги осудат сите ( вкучувајќи се и самите себе) на синџирите на доминација и пониженост. Не треба да бидеме премногу љубоморни на нив затоа што нивната положбан на прв поглед изгледа поубаво. Кој и да израснал во такво домаќинство, ќе потврди дека и наспроти многубројните банкови сметки, и многубројни домаќински апарати не се посреќни или послободни од самиот себе. Треба да побараме начин баш секој да може да види што може да добие ако го смениме општеството и во него да го вклучиме секој.

Дури и ако е тоа тешка работа и ако ти се чини дека луѓето баш го заслужуваат тоа што го имаат, затоа што го прифаќаат таквиот живот, немој да ја губиш желбата. Запомни дека систем кои тие го прифатија, е потполно еднаков на тој во кој ти сега живееш. И твоите можности за ослободување се цврсто поврзани за нивното ослободување.
Воглавно имај на ум дека светот нема да се смени преку ноќ. Но тоа не треба да биде твоја главна мотивација, зарем не? Да се слуша идеа за некаква многу далечна светска револуција е на крајот на краиштата се уште идеа. Со тоа што зад себе ќе го оставиме капитализмот ќе треба да ги оставиме и сите други стопани или идеологии кои бараат да се жртвуваме, бидејќи од сега па понатаму ние треба да станеме причина. Со оглед на тоа дека нашето времена на оваа планета е ограничено ние не можеме да ја чекаме револуцијата или некој друг за да почнеме да ги остваруваме нашите соништа и желби. Наша цел е подобрувањето на нашите животи, ништо повеќе и ништо помалку и заради тоа треба да имаме на ум дека било каква слобода за било кого од нас ( барем и на саат време) е веќе нешто.

Немој да станеш парализиран заради огромните сили кои се настроени пров нас ниту пак да дозволиш да им служиш на некои други сили во таа борба. Сам пронајди го патот за да избегаш од системот на насилство во твојот живот и ако е возможно викни ги другите со тебе. Зграпчи го секој момент кој ти се нуди за да повратиш некој дел од твојот живот назад. Ние можеме да направиме рај на земјата ако даруваме, бидеме попаметни и поискрени него ли што некој некогаш се обидел да стане.

ДОСТА ФИЛОЗОФИРАЊЕ! ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВИСТИНСКИОТ ЖИВОТ?

Како се чувствуваш кога никогаш не се однесуваат спрема тебе како спрема возрасен? Кога никогаш не можеш да им избегаш на правила и прописи кои се „за твое добро“? Кога мораш да слушаш и потклекнеш пред учителите, шефовите, полицајците, само заради тоа што се тие во служба на стопанство кое има повеќе пари и сила над твојот живот, отколку што ти некогаш ќе имаш. Кога мораш да молиш или лажеш за да добијеш слободно попладне за да можеш барем еднаш да го работиш тоа што го сакаш. Кога мораш да одговараш на автоматски ѕвона? Кога си оставен на милост и немилост на машини, на саатот и на луѓето кои немаат ниту пола од твојот памет или способности? Кога од тебе се бара да повторуваш една те иста фраза целиот ден? Кога си програмиран како машина?

Дали мислиш дека само е случајно што Кока Кола се продава во секој ќош од светот? Да ли навистина толку им веруваш, па дури и да ја имаат целата моќ за да го обликуваат светот во кој живеат?
Секој пат кога доаѓам дома моето поштанско сандаче е полно со реклами, ќе се сетам дека живеам во општество кое продажбата ја цени повеќе од приватноста. Секој пат кога некој има вклучен телевизор на кој има многу реклами сваќам како малку вистина и размислување за мирот им значат на трговците кои ги продаваат своите производи. Секој пат кога се возам со точак поминувам покрај огромни рекламни паноа и помислувам колку подобро ќе можевме да ги искористиме јавните површини.Кога барем ние самите ќе можеме да одлучуваме што ќе има на нашите улици- освен графити, секако.

И кога ќе стигнат сметки , пак разбирам што е важно во ова златно доба. Киријата мора да се плати на почетокот од месецот, пред воопшто да се помине ниту еден ден во станот, а плата за својот труд всушност се добива три недели по завршувањето на работата. И тоа само заради тоа што луѓето кои имаат надлежност над станот и работата се кројат според нивниот вкус. Од почеток на работната недела до моментот кога треба да го платат трудот работодавецет добива безкаматна позајмица во облик на труд. И станодавецот исто така добива позајмица кога ќе ја добие кирија еден месец однапред. Истовремено треба да се внимава да се затоплува станот повеќе отколку што може да си дозволиме, или да изедеме храна повеќе од што може да си дозволиме, или со телефон да не разговараме со далечени пријатели повеќе отколку што можеме да си дозволиме. И кога е ладно, и кога се чувствуваш осамено не можеш да си помогнеш да не побудалиш над вистината дека без оглед дека постои технологија која по желба може да згрее или најаде, треба и секоја најмала ситница да се плати, за да може на таа сметка малкумина богати уште повеќе да стекнат богатство. Луѓе работат по 40 саати неделно за систем кој ни ги нуди сите можни удопства, зарем не треба и нивниот стан да се згрее како што можат и становите на шефовите, само заради тоа што после работа сме поизвалкани? Зарем не тие луѓе не заслужуваат да го пробаат вкусот на во рестораните во кои одат шефовите, само заради тоа што не сакаат да се борат за положба во хиерархиска скала? Во уште полоша положба се некои кои имаат кредитни картички и долгови за отплаќање.

Корпорациите ќе имаат контрола над целиот нивен живот без оглед што тие ќе сакаат да работат, веќе идниот месец или за десет години ќе бидат препуштени на нивна милост. Тоа се дополнителни пари месечно кои треба да ги заработат, што значи дека, ако не сакаат да го потврдат својот банкрот, никогаш нема да се решат од притисок кој ги тера да ги продаваат своите животи. Со промоција на секоја нова кредитна картичка тие се спремни секого да натераат во доброволно отплатување на долговите. Трошењето на пари на таков начин само уште повеќе ги тера луѓето во систем кој ги краде нивните животи. Некои од нив работат цела година, додека нивните срца тивко седат во нивните гради, за да заштедат за неколку недели, викенди на планинарење, скијање, летување, работи кои некогаш беа бесплатни за сите нас пред да дојдат корпорациите (за кои работиме) не заградиле во бетон.

Отуѓеност, недоверба и исцрпеност која сите ја чувствуваме во ова општество, ги зголемуваат нашите потреби, а ние веднаш се грабаме за удобствата ( кои се инвестирани со рекламирање ), во надеж дека тие истите ќе не спасат. Но такво конзумирање само уште повеќе ја зголемува бедотијата, бидејќи секој пат кога нешто ќе купиш во овој систем, со тоа исто така го купуваш и целиот систем- своите пари ги даваш на корпорациите за да ги зацврстат своите позиции, а пари можеш можеш да добиеш само така што ќе им го дадеш својот труд. Тоа значи повеќе работници за нив за да го сочуваат “нормалниот тек на бизнисот” и помалку слобода за тебе да им вратиш.

Затоа треба да се избега од сето ова по секоја цена. Да престане да се работи за нив, да се престане да се плаќаат за сите нивни производи, да се престане да се верува во сите тие приказни за идеален дом, најдобар автомобил и напредување на работното место. Треба да се направи таков живот каков може сам да го живееш, за да се најде задоволство во него или да се умре при тој обид. Дури и ако успее да се живее животот кој што се сака ако сите луѓе кои нешто ми значат сите кои ме опкружуваат и целиот свет во кој живеам отсане под сила на системот?
И покрај слободата која ќе ја имаме ќе бидеме осамени ако сите останати се уште бидат затворени во училиштата, во фабриките, во канцелариите. Ако навистина сакаме надвор од тоа треба да откриеме како останатите да ги земеме со нас, и така сонуваме за светот во кој ние ќе одлучуваме да ли фабриките воопшто ќе работат.

И каде се сега градините на радоста што ние можеме да ги направиме со целата наша работа? Каде се шумите по кои можеме да трчаме, каде се реките од кои можеме да пиеме вода, езера во кои можеме да се бањаме? Каде се птиците и рибите за да ги доживуваме? Каде се ѕвездите на тоа загадено ноќно небо? Во моите сништа патувам низ предели на дивината, ги сретнувам луѓето со единствени животни навики кои се уште не слушнале за Пепси, кои никогаш не потрошија ден на нешто што не сакале. Заедно ќе ствараме планови како да ги оствариме најубавите работи кои животот ни ги нуди, како од него да исцедиме се до последна капка….. и сите наши желби и сништа ги завиткаме во џиновска бала со која ќе ја отвориме вратата на рајот. . .

Дел 3 од 3. Преземено од anarhija.macedonianforum.net