Револуцијата нема да биде филантропизирана!

Ви ја пренесуваме следната кратка анализа со цел да го разгледаме проблемот на хуманизмот и филантропија во рамки на денешните капиталистички односи. Имено, познато е она восхитување во  нашата јавност од “добродушноста“ на одредени капиталисти чии филантропски потфати предизвикуваат воодушевување кај дел од луѓето поради нивниот наводен придонес за совладување на аномалиите на нееднаквост. Оваа кратка анализа ќе покаже дека на овој начин доста свесно и плански се лечат само симптомите, додека прашањето на главната болест се турка под тепих.

Буржоазијата не е целосно слепа. Постојат слоеви од владеачката класа кои случајно можат да дојдат до истите заклучоци како Марксистите. Бенефитот што им го дава птичјата перспектива брз капиталистичкиот систем им дозволува да имаат поширок поглед врз системот како целина – неговата корупција, нееднаквост и сенилност.

Одредени членови и претставници на владеачката класа можат да почувствуваат дека ќе се случи нешто. Пред два месеци, зборувајќи за масовните движења во Турција и Бразил, политичкиот научник Francis Fukuyama ја заврши својата статија за Wall Street Journalкажувајќи:“ќе биде голема грешка ако помислиме дека може да се случи и овде.” Во 2006, билионерот Warren Buffet изјави:“има класна војна, во ред, но мојата класа, богатата класа, ја прави оваа војна и ние победуваме.” Економистот Robert Reich неодамна ги предупреди своите читатели: “не правете грешка: дивјачката нееднаквост со која се соочува Америка е длабоко опасна.“

Во New York Times Оп-Ед1 напишан во Март 2011 – на работ од револуционерното симнување на Мубарак во Египет и масовното движење во Winconsin против анти-синдикалниот закон на Scott Walker–аналитичарот Dante Chinni исто така се осврна на ефектите од нееднаквоста:“Сè досега многу Американци чекаа да видат дали нивните економски проблеми се моментални или се нешто повеќе. Како што ќе чувствуваат инволвирање на поголеми сили, тие ќе бидат уште повеќе фрустрирани и гневни. Бидете подготвени за популистичко движење во годините што доаѓаат-кое ќе може да заземе многу форми и многу нерамен пат.“ Само 6 месеци подоцна Occupy движењето започна, претставувајќи само мал поглед од масовните движења кои ќе ги видиме во наредниот период.

Оваа свесност за растечкиот гнев поради нееднаквоста која се крчка под површината објаснува зошто многу од најбогатите индивидуалци во САД се толку загрижени за пренасочување на овој гнев. Warren Buffet е само еден од членовите на владеачката класа кој подлабоко ги разбира вистинската состојба на работите и последиците од оваа неконтролирана поларизација на богатството. Години наназад Buffet заговара покачување на даноците за најбогатите во државата. Во предизборната трка во 2012 година “правилото на Buffet” влезе во националниот речник, дури и беше преземено од Обама во неговата предизборна реторика (и соодветно исфрлено после изборната победа).

Во 2010 година, Buffet и уште еден најбогат човек во САД, Bill Gates се сретнаа на вечера за да дискутираат како може нивните богатства да бидат искористени добротворно. Ова беше почеток на она што стана познато како “Давање на залог” кампања предводена од Buffet и Gates, со цел билионерите да донираат половина од нивното богатство во добротворни и непрофитни цели. Некои од луѓето кои ја потпишаа ова кампања беа: Michael Bloomberg, Richard Branson, Carl Icahn, David Rockefeller, David Rubenstein и дузина други.

Уште еден што стави потпис на Залогот за Давање беше Mark Zuckerberg, кој стигна на насловните во 2010 година кога се појави на Oпра (уште еден мулти-милионер), заедно со Chris Christie (гувернерот на New Jersey) и Cory Booker (мајорот на Newark), објавувајќи ја својата донација од 100 милиони долари за помош на јавните училишта во Newark. Што всушност се случи со овие пари е завиено во мистерија, но изгледа дека учествуваа во отворање на неколку приватизирани привилегирани училишта и помогнаа да се подметне нов договор кој ги сместува јавните учители од Newark во четири различни “перформансни групи“ со поттикнувачка плата. Од “помагање на јавните училишта во Newark” до отворање на војна против јавните училишта и синдикатите на учителите – ова не е необичан резултат на растечкиот непрофитен сектор.

Непрофитните сектори генерираат 779 милиони долари т.е. 5.4 % од БДП. Во 2009 , 9% од платите беа исплатени на оние што работат во непрофитниот сектор, што од друга страна создава 10% од работните места во целата економија. Многу од вработените во овој сектор што примаат мали плати се само привремено вработени и се несиндикализирани. Во периодот од 2001-2010 непрофитниот сектор порасна за 25%. Ова беше основата за екстремно наивната и утописка книга на Ralph Nader “Само супер-богатите можат да нèспасат.“

Но сепак, Peter Buffet(синот на Warren), почнува да се разликува.Во скорешниот Оп-Ед на New York Timesнасловен како “Милосрдниот индустриски комплекс“, тој го критикува растот на непрофитниот сектор во неразвиените земји како форма на “Филантропски Колонијализам.” Тој ја опишува вистинската улога на филантропијата:

“Како што се уништуваат сèповеќе животите и заедниците од системот што креира големо богатство за малкумина, најхеројскиот повик е да се возврати. Тоа е она што би го нарекол перење на совеста – чувствувајќи се подобро акумулирајќи повеќе отколку што е потребно за која било личност да живее и расфрлајќи се малку наоколу како знак на добротворност.“

“Но ова само ја одржува постојаната структура. Богатите спијат мирно навечер, додека останатите земаат доволно, колку да не зоврие лонецот повторно.Скоро секогаш кога некој се чувствува добро правејќи нешто хумано, на другата страна од светот (или улицата), некој друг е заклучен во систем кој нема да дозволи вистинско напредување на неговата или нејзината природа или пак можност да се живее исполнет живот.“

Понатаму тој продолжува “Ова е време за нов оперативен систем. Не 2.0 или 3.0, но нешто изградено одоздола нагоре. Нов код.“Ова не е брборење на социјалист, како што тој набрзо поентира:“Јас не повикувам да се случи крај на капитализмот, јас повикувам на хуманизам.“ Но потребата за социјализам е единствениот логичен заклучок кој може да се извлече од капиталистичкате реалност. Peter Buffet не нуди вистински и кохерентен одговор и тој сèуште го брани системот кој има нееднаквост во својата ДНК. Со оглед на неговата резултирачка свесност, тој не може да направи исчекор.

Маркс и Енгелс го разбираа ова совршено добро. Во Манифестот тие пишуваа за нешто кое се нарекува “Буржоаски социјализам.“:“Дел од Буржоазијата има желба за пренасочување на социјалните жалбисè со цел да се осигура континуитетот на буржоаското општество. Во овој табор припаѓаат економисти, филантропи, хуманитарци, подобрувачи на условите на работничката класа, организатори на добротворни акции, борци за права на животните, притаени реформисти од секој можен тип.“

Понатаму продолжува:“Социјалистичката буржоазија ги сака сите предности од модерните социјални услови без борбите и опасностите кои резултираат од нив. Тие ја посакуваат  постоечката општествена состојба, без нејзините револуционерни и дезинтегративни елементи. Тие посакуваат буржоазија без пролетаријат… Пролетаријатот треба да ги отфрли сите омразени идеи кон буржоазијата.“

Чувствувајќи го земјотресот, одредени елементи од владеачката класа се присилени да ги дознаат опасностите и екцесите кои се инхерентни во нивниот систем, со цел да го пресечат растечкиот гнев и огорченост – гнев и огорченост не само кон нивното богатство туку и кон целокупниот систем кој ја подигна болната нееднаквост. Но капиталистичкиот систем си има своја сопствена логика и можат да бидат преземени многу чекори од овие богати филантропи пред лонецот да почне повторно да зоврива.

Оригинален текст:
http://www.marxist.com/the-revolution-will-not-be-philanthropized.htm

1Оп-Ед претставува статија која е напишана од автор кој не е поврзан со уредувачкиот одбор на списанието.

Последно