На социјалните мрежи, благодарение на силната Западна пропаганда, кинезите често се соочуваат со прашања и сомнежи околу нивниот политички систем и поддршката кон Комунистичката партија на Кина (КПК) и Претседателот Кси Џинпинг. Но зошто вслушност Кинезите не се спротиставаат на КПК и зошто и понатаму се повеќе и повеќе ја поддржуваат демократијата во свој стил? Краткиот одговор е поради тоа што функционира и дава резултати. Но да навлеземе во детали за тоа како функционира политичкиот систем на Народна Република Кина и нејзината професионална администрација:
За разлика од демократските системи, каде граѓаните ги избираат своите претставници со гласови, Кинезите поставуваат акцент на искуството и квалификациите на политичките лидери. Уште од династијата на Суи (пред 1400 години), функционерите биле селектирани и унапредувани врз основа на државни испити а не, како што е традицијата на западот во време на аристократијата, по крв или раѓање.
Во денешна Кина, ако сакате да влезете во политиката, треба да тргнете по тежок и конкурентен пат. Без разлика дали доаѓате од работничко семејство или од политички активно и етаблирано семејство, мора да го поминете секој предвиден чекор. Само на овој начин можете да го достигнете врвот на моќта, како претседателот Кси.
Системот на селекција и кариера во кинеската политика се базира на столетија на историја и култура и огромно искуство од пракса. За да се стигне до високи политички позиции, кандидатите мораат да поминат низ низа тешки и конкурентни чекори.
Првиот чекор е да се стекне универзитетска диплома и да се положи испитот за национална државна служба. Ова е показател на висок степен на конкуренција, каде само многу мал процент успеваат да го положат овој тешок испит (1.58%).
Владејачката партија во Кина е КПК. Покрај тоа, има уште 8 партии. За да станете дел од политичкиот живот треба да се приклучите кон една од нив. Доколку целите дабидете лидер на Н.Р.К. тогаш препорачливо е да се зачлените во КПК, така ќе бидете еден од девеесете милиони членови на КПК. Сите тие се ваши конкуренти.
КПК, како владејачка партија, има многу членови и конкуренција за високите позиции во партијата е голема. Ова значи дека кандидатите треба да се натпреваруваат со милиони други членови за да влезат во партијата и да ја започнат својата политичка кариера.
Специфичните административни нивоа во кинеската власт исто така покажува дека, за да се напредува во хиерархијата на партијата потребни се повеќе години и многу испити. Идните лидери се оценуваат на годишно ниво од страна на нивните колеги и началници, и резултатите од оценувањето влијаат на нивната иднина во државната служба. Првото ниво е локален функционер, „јавен персонал“, додека највисоката позиција, онаа што ја има Претседателот Кси, е „главен на национално ниво“, според ова има 10 нивоа јаз меѓу вас како почетник и претседателот Кси.
Со оглед на ова, Претседателот Кси Џинпинг, како и другите водечки кинески лидери, поминаа децении на труд и многу различни политички функции за да стигнат до високите нивоа на власт.
Односно, најпрвин треба да станете највисок претставник на некоја област, понатаму градски службеник, па градоначалник, па гувернер на мала провинција. Потоа треба да станете гувернер на поголема провинција, следниот чекор би бил да станете член на Политичкото биро на КПК, чии членови се избираат на пленарна седница на Централниот Комитет. Ваша следна цел после тоа е да станете член на Националниот Народен Конгрес (ННК). Пратениците на Националниот народен конгрес (НПК) се членови на највисокиот орган на државната власт во Кина и се избираат во согласност со законот. Вие исто така мора да бидете еден од НДК. Вашата крајна цел би била позиција на редовен член на постојаниот комитет на политичкото биро на централниот комитет. Преку жестоко натпреварување конечно станувате главниот лидер на Н.Р Кина.
Таквиот систем може да се нарекува “демократија во кинески стил” и во Кина, тоа функционира во согласност со нивните национални услови и историски контекст.
Важно е да се има предвид дека политичките системи се разни и секоја држава го избира својот систем согласно нејзините потреби и вредности. Не постои универзален стандард за “добар” или “лош” политички систем, и тоа зависи од контекстот и различните перспективи како и од националните интереси и потреби. Во случајот на Н.Р. Кина, нивниот систем им помага да ја одржат стабилноста и да управуваат со големата држава со богата историја која има една од најсилните економии на светот и рапиден економски раст и социјален процут на секое ниво и област.