Потеклото и карактерот на Втората светска војна [Јосиф Сталин]

Јосиф В. Сталин, Февруари 9, 1946

[Од говор пред гласачите на неговата област за време на изборите за Врховниот совет, 9 февруари 1946 година]

Би било погрешно да се мисли дека Втората светска војна била ноншалантна случка или резултат од некои грешки од некој си партикуларен државник, иако несомнено е дека грешки беа направени. Уствари, војната беше неизбежлив резултат од развитокот на светските економски и политички сили врз основа на модерен монополски капитализам. Во неколку наврати, марксисти имаат декларирано дека каписталичкиот систем на светската економија содржи елементи на генерални кризи и воени конфликти и дека, оттука, развојот на капитализмот во нашето време се изведува не во форма на мирен и еднаков напредок, туку низ кризи и воени катастрофи.

Факт е дека нееднаквоста на развојот на капиталистичките држави често, со тек на време води кон насилни нарушувања на еквлибриумот во светскиот систем на капитализамот. Таа група на капиталистички земјии што се сметаат себеси за полошо обезбедени од другите со суровини и пазари најчесто се обидуваат да ја сменат ситуацијата и повторно да ги поделат “сферите на влијание“ во нивна полза со помош на вооружени сили. Резултатот е поделба на капиталистичкиот свет во два непријателски кампови и војна помеѓу нив.

Можеби воените катастрофи би можеле да бидат избегнати ако би било можно суровините и пазарите да бидат периодично прераспределувани меѓу различните држави во согласност со нивните економски важности, со договор и мирно решение. Но, тоа е невозможно да се направи во рамки на сегашните капиталистички услови на развојот на свестката економија.

Така Првата Светска Војна (1914-18) беше резултат на првата криза на капиталистичкиот систем на свестката економија, и Втората Светска Војна (1936-45) беше резултат на втората криза.

Тоа, секако, не значи дека втората светска вона е копија на првата. Баш напротив, Втората светска војна материјално се разликува од Првата светска војна во карактер. Мора да се има на ум, дека пред да ги нападнат Сојузничките земјии, главните фашистички држави – Германија, Јапонија и Италија – ги уништија последните остатоци на буржоаско-демократските слободи дома, етаблираа брутален терористички режим во сопствените земјии, грубо ги газеа принципите на суверенитетот и слободниот развој на помалите земјии, прокламираа политика на заземање на туѓи територии како нивни, и гласно декларираа, за сите да слушнат, дека тие се заинтересирани за светска доминација и воспоставување на фашистички режим низ светот.

Згора на тоа, со заземањето на Чехословачка и централните региони на Кина, земјиите на Оската покажаа дека се спремни да ја исполнат својата закана на поробување на сите слободољубиви народи. Со оглед на ова, за разлика од Првата светска војна, Втората светска војна против државите на Оската од самиот почеток го завзема карактерот на анти-фашистичка војна, војна за ослободување, чија цел беше да се реставрираат демократските слободи. Влезот на Советскиот Сојуз во војната против земјите на Оската само можеше да го надогради, и стварно го надогради, анти-фашистичкиот и слободарскиот карактер на Втората светска војна.

Токму на оваа основа антифашистичката коалиција на Советскиот Сојуз, Соединетите Американски Држави, Велика Британија и други слободољубиви држави беше отстварена – коалиција што изигра клучна улога во победување на вооружените сили на земјиите на Оската.

Така стојат работите во однос на потеклото и карактерот на Втората светска војна.

Превземено од: https://www.marxists.org/reference/archive/stalin/works/1946/02/09.htm?fbclid=IwAR18ob3c79R3voaF9Qpg710zxIeXSGYKC_8t43QrSokusqJRoUJueImfOz0

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно