Организацијата на Интернационалата (1869)[Михаил Бакунин]

Масите се општествената моќ, или, барем, суштината на таа моќ.  Но на нив им недостигаат две работи со цел да се ослободат од омразените услови кои ги угнетуваат: образование и организација. Овие две работи претставуваат: денес, реалните основи на моќ на сета власт.
За да се напушти воената и владеачката моќ на Државата, пролетаријатот мора да се организира. Но бидејќи организиација не може да постои без знаење, потребно е да се прошири до масите вистинско општествено образование.

Михаил Бакунин – автор на текстот


Да се прошири тоа општествено образование е целта на Интернационалата. Следствено, денот кога Интернационалата ќе успее во обединувањето на половината, четвртина или барем една десетина од работниците во Европа, Државата или државите ќе престанат да постојат. Организацијата на Интернационалата ќе биде различна од организацијата на Државата, бидејќи целта не и е да создава нови држави туку да ги уништи сите постоечки системи на владеење. Колку повештачка, побрутална и поавторитарна е моќта на Државата, колку повеќе е индиферентна и непријателски настроена спрема природниот развој, интересите и жебите на луѓето, дотолку послободна и поприродна мора да биде организацијата на Интернационалата. Таа мора да се обиде да се приспособи на природните инстинкти и идеалите на луѓето.


Но што подразбираме под природна организација на масите? Мислиме на организација која е заснована врз искуството и резултатите на нивните секојдневни животи и разликите во нивните занимања, т.е. нивната индустриска организација. Моментот кога сите гранки на индустријата се претставени во нивната Интернационала, организацијата на масите ќе биде комплетна.


Но може да се каже дека, кога веќе постоиме, сме организирано влијаније над масите: ние се стремиме кон нова моќ еднаква со политичарите на старите државни системи. Оваа промена е голема грешка. Влијанието на Интернационалата над масите се разликува од сета моќ на власта во тоа дека е природно, неофицијално влијание на обични идеи, без авторитет.
Државата е авторитетот, правилото и организираната моќ на поседовната класа, и се уверливи експерти над животот и слободата на масите. Државата не сака ништо друго освен сервилноста на масите. Уште веднаш ја бара нивната послушност.


Интернационалата од друга страна, нема ниедна друга цел освен апсолутната слобода на масите. Следствено, се повикува на бунтовничкиот инстинкт. Со цел овој бунтовнички инстинкт да биде силен и доволно моќен за да го отфрли владеењето на Државата и привилигираната класа, Интернационалата мора да се организира.


За да се реализира оваа цел, мора да овозможат две оружја:

  1. Пропагацијата на своите идеи.
  2. Природната организација на својата моќ или авторитет, преку влијание на своите следбеници над масите.

 Личност која тври дека, организираната активност е напад врз слободата на масите или обид за создавање на нова власт, е или софист или будала. Кажано е доволно за овие кои не ги знаат правилата на човечката солидарност, да мислат дека комлетната независност е возможна или пожелна. Таков услов би значел распаѓање на цело човечко општество, бидејќи целосното социјално постоење на човекот зависи од индивидуите и масите. Секоја личност, дури и најпаметната и најсилната, особено паметната и силната – се во секое време суштествата како и креаторите на ова влијание. Слободата на секоја индивидуа е директен производ на овие материјални, ментални и морални влијанија, на сите индивидуи кои ја опкружуваат во тоа општество во кое живее, се развива и умира. Личност која сака да се ослободи себеси од тоа влијание во името на метафизичката, натчовечката и совршена егоистичка „слобода“ се стреми кон сопствената екстерминација како човечко суштество. А оние кои одбиваат да го искористат тоа влијание над другите, се повлекуваат од сета активност во социјалниот живот и со непренесувањето на нивните идеи или чувства, работат кон сопствената деструкција. Оттаму, оваа таканаречена „независност“, која е проповедана толку често од идеалистите и метафизичарите: оваа таканаречена индивидуална слобода е само деструкција на постоењето.


Во природата, како и во човачкото општество, кое не е ништо друго освен дел од истата таа природа, секое суштество постои при услов дека се труди, онолку колку што индивидуалноста дозволува, да влијае на животите на другите. Деструкцијата на тоа индиректно влијание би значело смрт. И кога ние ја посакуваме слободата на масите, ние никако не мислиме на уништувањето на ова влијание, кое индивидуите или групите од индивидуи го создаваат преку нивниот договор.


Тоа што ние го бараме е напуштање на вештачкото, привилегираното, законското и официјалното влијание. Ако Црквата и Државата беа приватни институции, ние би требало, дури и тогаш, да бидеме нивни противници. Ние не би требало да се спротивставуваме на нивното право на постоење. Вистина, на некој начин, тие денес се приватни институции, како што тие исклучиво ги чуваат интересите на привилигираните класи. Сепак, ние се спротивставуваме на нив, бидејќи ја користат сета моќ од масите за да го принудат нивното владеење над истите на еден авторитарен, официјален и брутален начин. Ако Интернационалата би се организирала како Државата, ние, нејзините најентузијастички пријатели, ќе станеме нејзините најогорчени непријатели. Но таа не можа да се организира во таква форма. Интернационалата не може да ги препознае границите на човечкото пријателство, а државата не може да постои ако не ги ограничи, со територијални претензии, таквото пријателство и еднаквост, Историјата ни покажала дека реализацијата на лига на сите држави од светот, за која сите деспоти сонувале, е невозможна. Оттука оние кои зборуваат за Државата, неопходно мислат и зборуваат за свет поделен на различни држави, кои внатрешно се угнетувачи, а надворешно пљачкосувачи, т.е. меѓусебни непријатели. Државата бидејќи ја вклучува оваа поделба, опресија и пљачкосување на човештвото, мора да претставува негација на човештвото и деструкцијата на човечкото општество.


Не би постоела никаква смисла во организацијата на работниците, ако тие не се стремат да ја отфрлат Државата. Интернационалата ги организира масите со таа цел на ум, за да на крајот да можат да се сетат на таа цел. А како ги организира?
Не од врвот па до дното, со наметнување наизглед единство и ред на човечкото општество, како што се обидува Државата, без оглед на разликите во интереси кои потекнуваат од разликите во занимањата. Спротивно на тоа, Интернационалата го организира масите од дното нагоре, земајќи за почетна точка, социјалниот живот на масите и нивните вистински аспирации, и охрабрувајќи ги за обединување во групи, според нивните реални интереси во општеството. Интернационалата развива единство на цел и создава вистински еквилибриум на цел и благосостојба од природните разлики во животот и занимањето.


Бидејќи Интернационалата е организирана на тој начин, таа развива вистинска моќ. Бидејќи е важно за секој член на секоја група да биде запознаен темелно со сите нејзини принципи. Само со тие средства ќе стане добар пропагандист во време на мир и вистински револуционист во време на војна.


Ние сите знаеме дека нашата програма е праведна. Таа ги изразува во неколку зборови праведните и хуманите барања на пролетаријатот. Само поради тоа што е хумана програма, таа ги содржи и сите симптоми на социјалната револуција. Таа ја прокламира деструкцијата на стариот и создавањето на новиот свет.


Ова е главната поента која мора да ја објасниме на сите членови на Интернационалата. Оваа програма заменува една нова наука, нова филозофија на местото на старата религија. И дефинира нова интернационална политика, на местото на старат дипломатија. Нема друга цел освен да ги отфрли државите.


Со цел членовите на Интернационалата научно да ги пополнат своите позиции, како револуционерни пропагандисти, потребно е за сите да се задоени со новата наука, филозофија и политика: новиот дух на Интернационалата. Не е доволно да се декларира дека ја сакаме економската слобода на работниците, целосно враќање на нашиот труд, напуштањето на класите, крајот на политичкото ропство, реализацијата на човечките права, еднакви должности и правда за сите: во една фраза, единство на човештвото. Сето ова е, несомнено, многу добро и праведно. Но кога работниците од Интернационалата едноставно ги повторуваат овие фрази, без да ги сфатат нивната вистина и значење, тие се соочуваат со опсаноста на намалувањето на нивните праведни тврдења во само празни зборови, жаргон што е ништо без разбирање.


Може да се одговори дека не сите работници, дури и ако се членови на Интернационалата, може да бидат едуцирани. Не е доволно тогаш, да бидат во организацијата, група на луѓе кои – колку што е можно – да се запознат со науката, филозофијата и политиката на социјализмот? Не можат ли широките маси да го следат „братскиот совет“ за да не се одвратат од правиот пат, што води конечно до слобода на пролетаријатот?


Авторитарните комунисти во Интернационалата често ги употребуваат овие аргументи, иако тие ја сакаа храброста да ги изразат толку слободно и јасно. Тие ги скрија нивните вистиски ставови под демагошките комплименти за паметноста и моќноста на луѓето. Ние сме секогаш огорчени непријатели на ова мислење. И убедени сме дека ако Интернационалата се подели во две групи – големо мнозинство и мало малцинство од десет, дваесет или повеќе луѓе – на таков начин да мнозинството биде убедено слепо од теоретската и практичната смисла на малцинството, резултатот би бил сведување на Интернационалата во олигархија – најлошата форма на Државата. Образованото и способно малцинство, заедно со своите одговорности, би ги побарало правата на владеачко тело. А тоа влдеачко тело би било подеспотско одошто потврдената автократија, бидејќи би било скриено под покажувањето на сервилна почит за волјата на народот. Малцинството би владеело преку медиумот на резолуции, наметнати над луѓето и потоа наречени „волја на народот“. На овој начин образованото малцинство ќе се развие во влада, која, како и сите влади, ќе прерасне секој ден во подеспотска и реакционерна.


Интернационалата само тогаш може да биде оружје за ослободување на луѓето, кога ќе се ослободи самата; кога нема да дозволи да биде поделена на две групи – големо мнозинство, слепата алатка на образованото малцинство. Ете зошто нејзината прва цел е да ги истетовира умовите на своите членови, науката, филозофијата и политиката на социјализмот.

Превземено од: https://anarhija.macedonianforum.net/html-h29.htm

Последно