Година 1937. Реакционерните сили во светот и во Југославија полека, но немилосрдно го туркаат светот во нова крвава војна. Другарот Тито доаѓа на чело на Комунистичката партија на Југославија, свесен дека во моментите на искушенија кои доаѓаат, нашиот народ може да го води само силна и обединета партија како авангарда на револуционерното движење и сите прогресивни сили, другарот Тито бара партијата да се потпира на масите, на работничката класа, на синдикатите, на младите.

Затоа другарот Тито поставува задача на Сојузот на комунистичката младина на Југославија организациско и идеолошко да се зајакне преку работа на развојот на сите демократски, прогресивни и културни младински организации, воспитувајќи го најширокиот круг на млади во духот на борбата против фашизмот за демократија, напредок и мир. Во својата статија „СКОЈ по новиот пат“ објавена во Пролетер, Мај 1937 година, другарот Тито пишува:

„Напредната младина во Југославија покажа многу иницијатива и подготвеност младите од Југославија да почнат да го заземат достојно местото во многумилионската армија на младата генерација од целиот свет во борбата за мир, леб и слобода. Но тоа младинско движење вклучува само мал дел од младите кај нас, и тоа исклучиво во градовите и претежно студентите и делумно работничката младина. Младите од руралните средини воопшто не се опфатени, ХСС сè уште нема свои младински организации во селата. Таму продираат франките и клерикалците. На таа младина треба да ѝ се пристапи и да се пружи братска рака. Не се потсмевајте со нејзините верски чувства, туку објаснете ѝ дека интересите на целата младина се заеднички, а тоа е борбата за мир, бидејќи главниот товар на ужасите на војната паѓа на младата генерација. Не сеење омраза, туку љубов и братство. Не војна и убивање, туку мир, леб и слобода.

Во својата работа напредната младина треба да обрни повеќе внимание на националните културни прашања, прашањата за образованието итн. Повеќе внимание на потребите на младите, поголема содржина и различност во младинскиот живот. Збогатениот живот на младите ќе овозможи создавање масовни национални сојузи на младите бидејќи тоа нив ќе ги привлече. Младите треба и можат да играат голема улога во борбата против шовинизмот и во зближувањето на народот на Југославија. Тоа ќе го ослабне влијанието на разните фашистички организации, франките итн. кои сеат омраза, особено меѓу младите. Тие фашистички организации за поттикнување омраза на луѓето против луѓето работат во интерес на оние фашистички сили кои денес со сите сили се обидуваат да предизвикаат светска војна која ги загрозува слободата и демократијата на целиот свет. Младата генерација не сака војна. Сака мир, култура и слобода. Сака светол и весел живот, а не ужасите на војната и обновената темнина и пропаст“.

Преведено и транскрибирано од: Климент Колоски