Повеќедецениската демонизација на ликот и делото на Јосиф Сталин, пред се од страна на западнитот политички наратив и западните буржујски медиуми и агенции, би оставила впечаток дека Русите на него се сеќаваат како на грозоморен тиранин во чие време нивниот жевот бил ужасен. Сепак, во реалноста, ситуацијата е потполно различна, а тоа го потврдуваат дури и истражувањата направени од западни агенции.
Истражувачкиот Центар „Левада“ изврши анкета за да открие кои личности би ги именувале Русите како “најистакнати личности на сите времиња”. Иако никој не доби апсолутна мнозинство, советскиот лидер Јосиф Сталин беше многу јасно во предност, бидејќи беше именуван од 39% од анкетираните.
Истото истражување вели дека 71% од Русите имаат позитивно мислење за улогата на Јосиф Сталин во историјата на нивната земја. А истражувањата велат дека ваквото позитивно мислење расте од година во година.
Во 2020, заменик министерот за одбрана Андреј Картаполов на провокативно прашање кое сугерира дека тој како Русин треба да се срами од Сталин, кажа дека тој не гледа од што би требало да се срами. Сталин, тврдеше тој, е човек кој „го презеде на себе сиот товар на војната, ги донесе најважните одлуки. Зошто да се срамиме од него? Затоа што некои луѓе од странство ни кажуваат? Сами ќе одлучиме кого да славиме“.
Сталин е гледан како човекот кој е најзаслужен за победата врз фашизмот, за прекинување на холокаустот, и тој е човекот кој успеа да ја индустријализира Русија и да ја направи модерна држава. Оттука, Сталин како советски лидер зема централно место во колективната свест на рускиот народ, па во нивните очи сепак не може да е оцрнет колку и да е демонизиран од западот.