Кога летото 1941 година Германците го зазедоа селото Хмељовка во Западна Украина, пионерот Валентин (Ваља) Котик немаше ни дванаесет години. Момчето веднаш се приклучи на движењето на отпорот.

Ваља собираше оружје и муниција што останале на подрачјата на борбените дејствија и им ги даваше на партизаните. Покрај тоа, тој насекаде црташе и лепеше карикатури на нацисти.

Подоцна Котик почна да добива посериозни задачи. Есента 1941 година учествуваше во ликвидацијата на шефот на локалната жандармерија, оберлајтнантот Фриц Кениг. За време на заседата организирана од партизаните, Валентин фрли бомба во возилото, при што загинаа неколку жандарми и самиот Кениг.

Во октомври 1943 година момчето го спаси својот партизански одред од казнената единица која ги откри. Додека беше на стража, тој крена тревога и лично застрела германски офицер.

На 16 февруари следната година, во текот на борбите за градот Изјаслав, Валентин беше тешко ранет, а следниот ден починал. Само што наполни четиринаесет години.

На храбриот пионер во 1958 година посмртно му беше доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз.

Текстот е преземен од: https://mk.rbth.com/istorija/90506-najmladiot-heroj-na-sssr