94 француски сенатори во отворено писмо го известуваат Макрон и јавноста дека француската стратегија во Африка крахирала и дека мора да се пронајде друг начин за поврзување на земјата со континентот.
„Денес Нигер, вчера Мали, Централна Афричка Република, Буркина Фасо ја отфрлија Франција, француските сили, француските претпријатија“, го цитираше писмото весникот „Фигаро“, наведувајќи ги Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Алжир, Тунис и Мароко меѓу оние кои станаа проблематични за Франција.
Освен во Сахел, регионот под Сахара, слични слабости сенаторите гледаат и северноафриканските држави, па така алжирскиот претседател зборува за Франција како „големата Сатана“ виновна за проблемите на неговиот народ, Мароко почнува да бара воени и економски партнери подалеку од Париз, а Тунис се повеќе се врти кон САД, ЕУ и Арапскиот свет, а се помалку кон Франција „која повеќе нема привилегирана улога.“
По неуспехот на француската воена интервенција во 2014 година, групата Вагнер дојде во Африка. Конкретно за оние земји чии водачи го обединуваат населението против „поранешната колонијална сила“, се вели во писмото.
„Француската Африка од вчера се заменува со воена руска Африка, економска кинеска Африка и дипломатска американска Африка. Африка, пријателски континент, повеќе не ја разбира Франција и сè повеќе ја предизвикува нејзината улога и присуство“, напишаа француските сенатори.
Нагласувајќи дека не се носталгични за некои колонијални времиња, сенаторите порачуваат дека земјата мора одново да ја разгледа својата визија за Африка и нејзината поврзаност со Франција.