Говорот на Павел Власев во романот „Мајка“ на Максим Горки

Карактерот Павел Власев на суд во социјалистичкиот роман „Мајка“ во авторство на Максим Горки

Павел Власев во филмот „Мајка“ (1926 год)

Како партиски човек го признавам само судот на својата партија и ќе зборувам не во своја одбрана, туку — по желба на своите другари кои исто така се одрекоа од одбраната — ќе се обидам да ви го објаснам она што не го разбравте. Јавниот обвинител нашето истапување под знамето на социјалната демократија го нарече — бунт против врховната власт и за цело време не посматраше како бунтовници против царот. Јас треба да изјавам дека за нас самодржавјето не е единствениот оков што го оковува телото на земјата. Тоа е само првиот и најблискиот оков што мораме да го симнеме од народот…

—  Ние сме — социјалисти. Тоа значи дека сме непријатели на личната сопственост којашто луѓето ги разделува, ги вооружува едни против други, создава непомирливо судрување на интересите, која лаже грижејќи се да го скрие или да го оправда тоа судирање и целиот свет го развратува со лаги, подмолност и пакост. Ние велиме: општеството коешто човекот го гледа само како средство за своето богатење — тоа општество е против човештвото, тоа е наш непријател, ние не можеме да се помириме со неговиот морал кој е дволичен и лажен; цинизмот и неговиот суров став кон поединецот нам ни е гаден, ние сакаме да се бориме и ќе се бориме против сите форми на физичкото и моралното поробување на човекот коешто го врши таквото општество, против сите начини на дробење на човекот заради користољубивост. Ние, работниците, сме луѓе со чиј труд се создава се — од џиновски машини до играчки за деца, ние сме — луѓе на кои им е одземено правото да се борат за своето човечко достоинство; секој се труди и може да не претвори во средство за постигнување на своите цели; ние сега сакаме да имаме толку слобода, колку да ни се даде можност со време да ја извојуваме сета власт. Нашите пароли се прости — долу приватната сопственост, сите средства за производство — на народот, сета власт — на народот, трудот е задолжителен за сите. Вие гледате — ние не сме бунтовници!

Павел се насмевна, полека мина со раката по косата, огнот на неговите сини очи уште посилно пламна.

—  Ние сме — револуционери и ќе бидеме тахви се дотогаш додека едни — само наредуваат, други — само работат. Ние сме против општеството, чии интереси вас ви е наредено да ги браните, ние сме непомирливи непријатели негови и ваши, и мирот меѓу нас е невозможен се додека не победиме. Ќе победиме ние, трудбениците! Вашите властодатели ни од далеку не се толку силни колку што им се чини. Таа иста сопственост на која тие и жртвуваат милиони поробени луѓе за да ја зголемат и дочуваат, таа иста сила што им дака власт над нас, меѓу нив предизвикува непријателски несогласици, физички и морално ги руши. Сопственоста бара премногу напнатост за својата одбрана и всушност сите вие, нашите господари, сте поголеми робови одошто ние, — вие сте духовно поробени, ние само физички. Вие не можете да се ослободите од пригисокот на предубеденоста и навиките, притисокот којшто духовно ве здробил, — нам ништо не ни пречи внатре да бидеме слободни; отровите со кои не труете се послаби од оние противотрови коишто вие — не сакајќи — ги влевате во нашата свест. Таа расте, се развива непрекинато, се побрзо се разгорува и по себе повлекува се што е подобро, се што е поздраво дури и од вашата средина. Погледнете — вие веќе немате луѓе кои би можеле идејно да се борат за вашата работа, вие веќе сте ги изгубиле сите аргументи што би биле во состојба да ве сочуваат од одот на историската правда, вие не можете да создадете ништо ново во областа на идеите, вие сте духовно јалови. Нашите идеи растат, тие се посилно се разгоруваат, тие ги зафаќаат народните маси, ги организираат заради борбата за слобода. Свеста за големата ролја на работниците ги соединува сите работници на светот во една душа, — и вие со ништо не можете да го задржите тој процес на обновување на животот освен со суровост и цинизам. Но цинизмот е — очебиен, суровоста— раздразнува. И рацете што денеска не дават наскоро другарски ќе ги стегаат нашите раце. Вашата енергија е — механичка енергија на собирање на злато, таа ве обединува во групи терајќи ве да се јадете еден со друг; нашата енергија е — жива сила на јакнењето на свеста за солидарноста на сите работници. Се што правите вие тоа е — злосторство, зашто служи за поробување на луѓето, нашата работа го ослободува светот од сеништата и чудовиштата, создадени со вашата лага, злоба, алчност, од чудовиштата коишто го заплашија народот. Вие го оттргнавте човекот од животот и го уништивте; социјализмот го обединува светот што вие го разрушивте во една голема и хармонична целина и — тоа ќе биде!

Павел за момент застана и повтори потивко но посилно:

—  Тоа ќе биде!

Превземено од: https://www.marxists.org/makedonski/gorki/1906/majka/del2/gl25.htm

Последно