Говор на Малколм Х, 1960 година

Каков е тој општествен или политички систем во кој црниот човек нема глас на суд? Кога на своја страна го има само она што белиот човек ќе реши да му го додели? Браќа и сестри, мораме да му ставиме крај на ова зашто нема да престане само од себе. Мораме да го запреме ние.

Ја напаѓаат жртвата, а потоа злосторникот кој ја нападнал жртвата ја обвинува дека таа го нападнала него. Таква е американската „правда“. Таква е американската „демократија“, а оние што се запознаени со неа знаат дека во Америка демократијата е хипокризија.

Затворете ме ако грешам, ама ако не можете да докажете дека демократијата во Америка не е хипокризија, тогаш не ме чепкајте. Демократијата е хипокризија. Ако демократијата значи слобода, зошто нашите луѓе не се слободни? Ако демократијата значи правда, зошто не ја уживаме таа правда? Ако демократијата значи еднаквост, тогаш зошто не сме еднакви?

Дваесет милиони црнци во оваа земја живеат како слуѓи во домот на белецот. Дури и не нарекуваат така. Без оглед на тоа што си постигнал во животот. Можеш да бидеш и професор, ама за белецот и понатаму ќе бидеш само уште еден слуга.

Транскрибирано од: Реквием за американскиот сон