Велиш, со нашите нешта работите стојат лошо.
Темнината е се’ погуста. Силите се се’ послаби.
Сега – откако работевме толку години,
во потешка положба сме отколку на почетокот.
А непријателот е пострашен од кога и да било.
Неговите сили како да се посилни.
Добил непобедлив изглед.
А ние направивме грешки – тоа не може веќе да се одрекува.
Нашите редови опаѓаат. Нашите пароли се во безредие.
Дел од нашите зборови непријателот ни ги изопачи до непрепознавање.
Што е погрешно од тоа што го зборувавме?
Малку или се?
На кого уште сметаме?
Дали сме оставени – исфрлени надвор од текот на животот?
Дали ќе подзастанеме, не сфаќајки веќе никого – ниту од кого било разбрани!?
Дали мора да имаме среќа?
Така прашуваш…
Не очекувај никаков одговор – ОСВЕН СОПСТВЕНИОТ.