Без разлика дали се согласувате со неговите гледишта или не, морате да признаете дека Карл Маркс е еден од најголемите и највлијателните мислители на сите времиња. Покрај сите општествени промени и повеќе од 200 години поминати од неговото раѓање, исто е актуелен денес, како што бил и кога пишувал.

Ние одбравме 10 негови цитати како „највлијателни“ и според нас најрепрезентативни за генијалноста на Карл Маркс, но секако дека постојат многу повеќе.

1. „Политичката економија го гледа пролетерот… како коњ, тој мора да добие доволно за да му овозможи да работи. Не го смета за човек во времето кога не работи. Тоа им го препушта на кривичното право, лекарите, религијата, статистичките табели, политиката и бидлот.“

2. „Акумулација на богатствата на едниот пол е, значи едновремено акумулација на беда, маки на трудот, ропство, не знаење, подивеност и морално деградирање на другиот пол, т.е на страна на класата што го произведува својот сопствен производ како капитал.“

3. „Начинот на производство на материјалниот живот го условува општествениот, политичкиот и интелектуалниот животен процес воопшто. Не е свеста на луѓето таа што го одредува нивното битие, туку, напротив, нивното општествено битие ја одредува нивната свест.“

Карл Маркс – 1872 година

4. „Општеството не се состои од поединци, туку го изразува збирот на меѓусебните односи, односите во кои стојат овие поединци.“

5. „Капиталот е мртов труд, тој, вампирски, живее само со цицање жив труд, и колку повеќе живее, толку повеќе труд цица. Времето во кое работи работникот е времето во кое капиталистот ја троши работната сила што ја купил од него.“

6. „Сопственоста над обработливата земја е примарен извор на целокупното богатство и стана голем проблем, од чие решение зависи иднината на работничката класа.“

7. „Одвојувањето на јавните работи од државата и нивната миграција во доменот на работите што ги презема самиот капитал, укажува на степенот до кој реалната заедница се конституирала во форма на капитал.“

Карл Маркс – 1875 година

8. ”Религијата е самосвест и самочуствување на човекот, што или уште не се здобил себеси, или веќе одново се загубил. Но човекот не е апстрактно суштество, што е засолнато некаде надвор од светот. Човекот – тоа е светот на човекот, државата, опшстесвото. Таа држава, тоа општество ја пораѓаат религијата, изопачен поглед на светот, затоа што самите тие се изопачен свет. Религијата е општа теорија на тој свет , неков енциклопедиски компендум, негова логика во популарна форма, негово спиритуалистичко прашање на честа, негов ентузијазам, негова морална санкција, негово свечено надополнување, негова општа основа за утеха и оправдание. Таа ја претвора во фантастична стварност човечката суштина, затоа што човечката суштина нема вистинска стварност. Значи борбата против религијата е индиректно борба против оној свет чиј што духовна арома претставува религијата. Религиската беда и протест против таа вистинска беда. Религијата е издишка на потиснатото суштество, душа на бездушниот свет, како што е таа дух на бездушни прилики. Таа е опиум на народот.“

9. „И оваа животна активност [работникот] ја продава на друго лице за да ги обезбеди потребните средства за живот. … Тој работи за да може да го одржи во живот. Тој самиот труд не го смета за дел од својот живот; тоа е попрво жртва на неговиот живот. Тоа е стока што ја дал на аукција на друг.“

10. „Разликите во цените на трудот на работниците од различни професии е многу поголема одошто разликата во профитите во различните гранки на примената на капиталот.“

Цитатите и сликите преземени од: https://www.marxists.org/makedonski/m-e/index.htm