23 август 1945 година: Хо Ши Мин прогласува општо востание против француските колонијалисти, што доведе до почетокот на виетнамската национално-ослободителна револуција.

На денешен ден пред 70 години започна долготрајниот отпор кој ќе трае со децении сè додека француските колонијалисти, а подоцна и американските империјалисти не бидат избркани од Виетнам со опашката свиткана меѓу нозете. Како резултат на големата политичко-воена стратегија развиена од претседателот Хо Ши Мин, генералот Во Нгуен Гиап и поддржана од виетнамската работничка маса денес, 70 години подоцна, Виетнам е просперитетна социјалистичка демократија.