По повод денот на сеќавањето на холокаустот денес во Аушвиц ќе се одржи меморијална церемонија на која ќе присуствуваат владини представници од повеќе земји, но меѓу нив не се вбројуваат преставниците на Рускиот државен врв, иако Црвената армија го ослободува Аушвиц на 27 јануари 1945 година.

Аушвиц е најголемиот концентрационен логор на фашистичка Германија во кој се убиени повеќе од 1.1 милион луѓе од кои најголем дел се Евреи односно 1 милион. Додека од останатите жртви најголем процент на загинати се Полјаци и роми. Покрај нив во Аушвиц се убиени и Руси, Југословени, Чеси и Французи.

Најголем дел од жртвите биле убиени во гасните комори. Тие биле отруени со отровниот гас Циклон Б. Затворениците кои не биле отруени во гасните комори биле жртви на глад, тепање, медицински и биолошки експерименти и други грозоморни видови на тортури.
Лешовите на жртвите биле кремирани во петте кремиаторуми кои во својата конструкција содржеле и посебни гасни комори. Овие кремиаторуми имале капацитет од 270.00 тела месечно.