Филмовите на југословенскиот филмски великан Вељко Булаиќ летово доаѓаат во Скопје. Во периодот од 11-17 Јули ќе бидат прикажани 3 филма на режисерот Вељко Булајиќ.

Битката на Неретва (1969)

Козара (1962)

Скопје 1963 (1964)

Овие три филма се едни од најгледаните и најпопуларнте филмови на југословенската филмска сцена. Воедно филмовите на Булаиќ се светски признаени како врвни достигнувања во областа на филмот и уметноста. Како темел на југословенското општество филмот имал голема улога во ширење на идејата на братството и единството како и социјалистичките вредности. Взаемната борба против фашистичкиот окупатор, како и природните катастрофи, се теми кои и денес стануваат сѐ порелевантни. Тоа само додава на тежината на овие филмови кои ни кажуваат за борбите во минатото.

Вељко Булаиќ бил учесник на НОБ како и неговите двајца браќа. Искуството во НОБ понатаму се одликува и во неговите филмови.