Левицата и борбата за ослободување на жената – Aileen O’Carroll

Европа од XVII век до 1920 год.

Борбата за ослободување на жената во принцип била поврзана со пошироките општествени и економски промени.  Првиот пишан доказ кој укажува на изедначувањето со машкиот пол потекнува од периодот на реформацијата која започанала во XVI век.

Многу жени биле вмешани во радикалните секти меѓу кои:  анабаптистичката и пуританската.  Во 1576 во Лондон е објавен проглас со кој на жените им се забранува да се состануваат заради озборување и на мажите им било советувано своите жени да ги чуваат дома.

Веќе во XVII век започнало издавањето на феминистички памфети меѓу кои се вбројуваат „Силната освета на жената“ од Мери Брбљај, „На прав начин“ – Мери Татл Вел и „Џоан среди го дома“.

Протестантската религија многу брзо се ширела со што довело протерување на сектите или емигрирање, а во најмала рака делувале во тајност.  Протестантството било идеологија која го нагласувала почетокот на раниот капитализам. Фамилијата се изменила во однос на она што било во средниот век. Таткото бил целосно доминантен во фамилијата.  Жените постепено биле оттргнувани од сферата на занаетот и трговијата, дел каде што биле активни. Традиционалната медицина станала професија и била целосно под машка доминација. Останатите занаети како што се акушерството и текстилот биле видно занемарени.

Богатите жени навикнале на животот во своите домови, додека останатите жени имале особено тежок живот кој им бил проследен со тешка работа во фабриките и дома.  Во некои земји како што е Франција капитализмот донел нови идеи. Просветителски идеи, како што биле наречени, се однесувале на еднакви права, но тоа се однесувало на машкиот пол. Поголемиот дел од филозофите биле против жените.  Лорд Честерфилд ги опишал како пораснати деца.  Сепак, некои жени од високата и средната класа го покренале прашањето за бескорисноста на нивните животи и недостатокот на образование.

ФРАНЦУСКА РЕВОЛУЦИЈА

Француската револуција донела огромен број на памфлети кои повикувале на право на глас, легализирање на разводите, место во политиката – сето ова главно било насочено кон новиот парламент.  Во секојдневниот живот, жените кои работеле се појавувале во бунтовите на гладните. Односно, веројатно ова е нивното единствено појавување во историските книги од тогаш се до наредните сто или повеќе години.  Како што еден од историчарите рекол:

„Без жените бунтовите на гладните се инхерентно контрадикторни“.

Во 1793 година, жените, успеале да ја убедат републиканската влада да ги замрзнат цените. Жените и работничките од средната класа биле вклучени во револуциите на републиканците.  Тоа било организирано од најсиромашните – невработените, работници/чки, малите трговци и занаетчиите. Работничката класа, како класа на добро организирани пролетери не постоела во тоа време.  Револуционерите/републиканците, генерално, се обидувале да ги сменат работите но, сепак тоа било на еден нејасен начин односно без јасни идеи што навистина сакаат. Револуционерите/републиканците дошле до степен да бидат под удар на новата влада. Контролата на цените веќе не постоела, а оние кои продолжиле да се бунат биле убивани.  Жените со примена на оружје биле принудени да се вратат дома, по што следеле години на глад. Главниот теоретски развој од сето ова бил претставен во делото на писателката Мери Вулстонкрафт – „Одбрана на правата на жената“. Ова било првата феминистичка анализа за ангажирањето на жената. Она што било акцентирано во книгата е следно:  ако сите мажи се еднакви зошто тогаш не се и сите жени? Тоа била првата книга во која се зборувало во корист на групи, а не на индивидуи: „го застапувам на својот пол, а не самата себе“ како што и самата писателка напишала. Иако ја идентификувала и ја документирала историјата на угнетувањето, книгата покрај барањето за поголемо образование, сепак не дава вистинско решение. Таа ја завршува книгата со надеж дека машкиот пол можеби ќе стане подарежлив.  „Можеби машкиот пол дарежливо ќе ги скине нашите ланци и ќе биде задоволен со рационалното партнерство отколку со ропската послушност.“

УТОПИСКИ СОЦИЈАЛИСТИ

Социјализмот почнува да се јавува како склоп на идеи. Раните утописки социјалисти како што биле Годвин (кој себеси се сметал за анархист), Шели, Блејк, Роберт Овен и други, биле едни од оние кои ја прифатиле идејата за женската рамноправност. Во рамките на раните комуни и кооперативи се обиделе да обезбедат потполна рамноправност помеѓу родовите.

Вилијам Томпсон, ирски кооперативец и револуционер ја издал првата социјалистичка анализа за угнетувањето на жената. Со доста звучен наслов „Апел за половината од човековата раса , жените против претензијата на другиот пол и машкиот пол кој ги држи во општествено и домашно ропство.“ Сево ова било одговор на Џон Мил кој се противел на политичките права за жената. Томпсон пак, твдел дека мажите не можат да се грижат за интересите на жените како нивна замена. Основата на угнетувањето на жената било раѓањето и одгледувањето на деца, како и тоа што што немале никакви законски и економски права. Тој, во принцип со презир ја изнел идејата за среќно семејство. „Куќата… вечен затвор за жентата. Мажот ја претставува куќата како место каде има мир, но се обидува да пронајде од друга страна, само за својата лична потреба, разни благодети, кои не се баш во духот на нешто што претставува мир, но се многу разнолики и со голем стимул.” Исто така верувал дека веќе постоечките радикали многу малку можат да им понудат на жените:

„Каде во нивните акции за ослободување или деспотизам се наоѓа вашата акција за слобода?“

Август Бебел

Тогаш за прв пат барањето за ослободување на жената било прифатено од филозофија на општествени промени. Во секој случај и други утописки се бореле за ослободување на жената вклучувајќи ги и Фурие и Флора Тристан во Франција, која кога тоа го заклучила била во годините пред својата смрт која се случила во 1848 година:

„Како цел свет да е свртен против мене, машкиот пол заради барањата за еманципација на жената, газдите заради барањето за еманципација на работниците/чките“.

Маркс и Енгелс експлицитно го поврзале потеклото на класното општество и потчинетоста на жената во кругот на семејството што сметам дека на сите им е познато, така да нема да одам во детали. Меѓутоа, имале обиди ослободувањето на жената да го сфатат на еден апстрактен начин. Жените во принцип, биле гледани како мерило за општествениот прогрес. Во својот концепт за револуција немале никаква специфична улога за жените. Немало никаква стратегија за поттикнување на жената во борбата за нејзиното ослободување.

На првата интернационала многу од присутните биле отворени сексисти и имале волја за исклучување на жените. Прудоновите следбеници во вој поглед биле многу гласни (самиот Прудон бил противник на жените). Иако, теоретски жените можеле да учествуват во работата на интернационалата, немало обиди за нивно охрабрување и биле малцинство. И самиот назив „Меѓународно здружение на работниците“ (International Working Men’s Association) кажува повеќе од доволно.

Единствено специфично прашање кое било ставено на дневен ред биле работните услови за жените и децата. Германските социјалдемократи одбиле да ги признаат правата на жената во својата „Готска програма“ – 1875 година. Маркс сето ова ниту го споменал во својот напад на таа програма.

Најмногу во комуната од 1871 година биле вклучени париските работнички. Биле организирани во т.н. „Здружените на жените за одбрана на Париз и за помош на ранетите“. Како и во многу слични револуционерни ситуации прашањето за женската работа не била земено сериозно во предвид. Така, тие времето го минувале правејќи супа, негувајќи ги ранетите итн. Мажите во комуната многу малку работеле на тоа дека треба да се признае во вистинска смисла на зборот револуционерното уверување и трудот на жената. На пример, изборот во комуната се базирал на гласот на мажите. Маркс во „Граѓанската војна“ тврдел дека постоело општо право на глас, но реланоста е дека тоа не постоело.

Како што Едит Томас пишувала: Целите на комуните кои биле поставени во декларацијата на францускиот народ го занемариле постоењето на жената. Мажите во комуната ниту за момент не сметале дека жената би можела да има граѓански права, не мислеле ништо поразлично од нивните предци од 1789 и 1793 година или револуционерите од 1848 година. Илјадници биле масакрирани на барикадите вклучувајќи и жени. Една жена на обвинението дека убила двајца војници одговорила:

„Бог нека ми прости што не убив повеќе.“

РУСИЈА

И во овој случај левицата слабо се трудела за привлекување на жените. Руската СР била во предност со 14.3% жени во 1916 година. Болшевиците во 1922 година, четири години после револуцијата имале само 8% членки. Како и СПД се противеле на било каква соработка со феминистките.

Коланти и други се обиделе да организираат женски клубови, но наишле на отпор. Кога во 1905 година се обиделе да откупат еден клуб во Св.Петерсбург наишле на порака која била на вратата: Состанокот за жените е откажан. Утре ќе има состанок со мажите. Веќе во 1907 година постоеле помали партиски и најчесто измешани клубови. Како што се ширеле штрајковите и буните, жените избивале во прв план. Не сите побарувања на штрајкувачите биле со економски карактер.Некои биле насочени кон сексуалното злоупотребување од страна на претпоставените, а вообичаени биле барањата за породилно отсуство (вобичаено било отпуштање на трудна жена). Болшевиците во 1914 година издале весник „Работнички“, но приоритет кој го одредиле најдобро е прикажан со фактот дека уредничките морале да шијат за да обезбедат средства. Веќе во 1915 година започнале големи штрајкови и анти-воени демонстрации чиј интензитет се смирил во 1917 година.

Февруарската револуција била спонтано востание, чија потпора биле работничките од Ст. Петерсбург. Започнала како марш за одбележување на денот на жената, но маршот набрзо се проширил и во текстилната индустрија каде што работниците/чките барале леб. Болшевиците се спротивставувале на демонстрациите и ги сметале за незрели. На пример, Калвров (претседател на обласниот партиски комитет) рекол: „Бев многу огорчен на односот на штајкувачите и заради тоа што не ја почитуваа одлуката на обласниот комитетот на партијата, но и заради тоа што започнале штрајк и покрај тоа што минатата вечер апелирав да бидат мирни и дисциплинирани.“

Ситуацијата минимално се подобрила за работничките после Февруари. Советот на Ст. Петерсбург преговарал за минималната плата на работничките. Жените во советот во најголем дел не биле претставувани (биле претставени 259 жени делегати наспроти 4743 машки делегати).

Ќе ја прескокнам Октомвриската револуција бидејќи деталите ни се добро познати.

Заслуга на болшевиците е воведувањето на најлибералните социјални закони во тогашна Европа, вклучувајќи:

  • Развод со меѓусебна согласност
  • Полна законска рамноправност во бракот
  • Абортусот бил воведен во 1920 година (најмногу заради големиот број нестручни абортуси)
  • Еднакво право на глас
  • Декриминализација на хомосексуалноста

Но, како што рекол болшевикот Јарославски „едно е да се напише добар закон, а сосема друго е да се створат услови во општеството за негова имплементација.“ Болшевиците се обиделе да воспостават комунални ресторани, перални, итн, но економската ситуација била тешка, а и болшевичките институции набрзо започнале да наликуваат на гарнизони. Неуспехот на собирите на работничките и понатаму продолжувал. Болшевиците формирале женска секција, која и покрај големите напори на своите членки само делумно успеала. Жените и понатаму биле полошо платени и ретко имале прилика да бидат сослушувани во синдикатите или фабричките комитети. Слободниот развод најчесто значел дека мажот си заминува, оставајќи ја жената со децата, а државата не се вмешувала. Женската работа останала женска работа. Во Болшевичката партија владеело сексистичко и конзервативно однесување. Следствено на ова жената на еден партиски функционер забележала: „Токму на тие состаноци каде успевав да се прикрадам, громогласно говореше за улогата на жената во револуцијата и ги повикувал жените на активна улога.“

Економските кусоци под рака со растечката контра-револуција влијаеле да се собори она малку што се постигнало. Семејните вредности станале доста важни кога на власт дошол Сталин, но во секој случај за повеќето Руси и Русинки тие никогаш не биле темелно преиспитани.

ЗАКЛУЧОК

Левицата имала добра теоретска анализа на угнетувањето на жените, поврзувајќи ја со капитализмот и угнетувањето на големото мнозинство во општеството. Исто така, таа направила одреден напор за вклучување на жените во синдикатите и левичарските партии.

Меѓутоа:

  • Не успеала активно да ја вклучи жената во борбата за сопственото ослободување;
  • Генерално пропуштила да ја вклучи жената во борбата за краткорочните реформи како што е прашањето за развод, абортус, правото на глас итн;
  • Не успеала да направи тактички сојуз со левичарските феминистки;
  • Во најуспешните револуции направено е многу малку за укинување на идејата за „женска работа“, а нуклеарното семејство скоро целосно било недопрено;
  • Многу левичарски партии биле полни со сексисти и никој не им се спротиставувал

Извор: anarhisticka-biblioteka.net

Последно