Левица: За 335 000 евра Аеродром се дави во ѓубре

Реакција на ЛО Аеродром при политичката партија Левица

Jавните површини низ општина Аеродром никогаш не биле позапуштени. Низ цела општина се гледаат фрлени гранки, купови од лисја и кабаст отпад кој се одложува до контејнерите. Градоначалникот Тимчо Муцунски иако ветуваше дека тој проблем итно ќе се реши, не успеа да се справи со истиот.

Да потсетиме дека во мај градоначалникот Тимчо Муцунски склучи договор со фирмата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС во вредност од околу 335 000 евра за одржување на јавни зелени површини, одржување на хигиена на јавни површини и други комунални услуги. На денот на склучување на договорот, Тимчо Муцунски помпезно се сликаше со машините за косење трева иако и општина има свои машини со кои можеше да се изврши косењето.

И не само што ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС не одржува хигиена во општината туку пред неполн месец сметот што го собрала, го одложила на зелена површина, до кејот на Вардар, наместо во Дризла. На самото место била забележана од инспекторите на град Скопје за што е пишана казна. Да биде фарсата поголема казната во висина од 88000 евра треба да ја плати општината, односно граѓаните на Аеродром.

Левица прашува:

– Дали Тимчо Муцунски има намера да го раскине договорот со приватната фирма која не ги работи задачите кои ги има според договорот?

– До кога жителите на општина Аеродром ќе трпат последици поради неажурноста на фирмите, а со тоа и на општинската админострација?

Во прилог се слики од општина Аеродром која личи на се, освен на една модерна, урбана општина.

https://www.facebook.com/AerodromLevica/posts/pfbid0ShNQwZkohE41JYeGmnYBKatCtXm1T37gALdQHVSUszDEBsu9qAske1jcN1oasPQFl
Последно