Левица: Кој (не) се грижи за Градскиот парк во Скопје?!

Соопштение на Левица – Град Скопје

Белите дробови на Градот – Градскиот парк е во очајна состојба!

Исушени и свенати дрјва, пожолтено зеленило, цвеќиња веќе скоро и да воопшто нема – очигледно дека преку целото лето никој не се погрижил за одржување на зеленилото во Градскиот парк! Фонтаните во паркот исто така се руинирани и надвор од функција. Ужасна слика како резултат на негрижа ги дочекува сите они кои одбрале слободното време да го искористат за рекреација во Градскиот парк.

Кој и зошто дозволил Градскиот парк да западне во ваква состојба? Дали Градоначалникот на Градот ќе го повика на одговорност јавното претпријатие Паркови и зеленило, чија одговорност е токму одржувањето на градското зеленило? Зошто единствениот поголем парк на градот, кој е едно од малкуте места за рекреација на скопјани, е доведен во ваква состојба?

Честа слика во Градскиот парк е и состојбата со паркирани автомобили низ пешачките патеки и зеленилото во паркот. А не помалку важно е да се санираат и реконструираат бистите и спомениците во истиот.

Очигледно, ЈП Паркови и зеленило оваа година потфрли со најважата задача – одржување на зеленилото во Градскиот парк и за тоа треба одговорните во претпријатието да сносат одговорност!

Последно