Изградбата на хидроцентралите на Шар планина од луѓе за кои има сомнежи дека се блиски до власта, ги револтира жителите од планинските села на Тетово. Пред неколку дена тие излегоа на протест. Како да не беше доволно тоа, тие се соочуваат и со уништување на улиците и нивните насади.
„Имаме инвестирано во нашите имоти. Патот од 3 км сами го отворивме со наш придонес за да стигнуваме до нивите што ги имаме посеано. Потрошив 20 илјади евра за да биде како што треба, а сега не можам да отидам ниту тревата да ја искосам. Ни се уништија имотите, не само на мене туку на цело село, во селото дури има и распукани ѕидови од хидроцентралата“.
„Со многу проблеми се соочуваме, ја уништија природата, патот, патот што го направи г. Ќани за нивите, го уништија, уништено е сосема местото и никој ништо не ене прашува. Ние не сме против овие сопственици, но не да ни го уништуваат цело село“.
„Приватните имоти ги уништија сосема. Најлошо е што некој овозможил сите ниви што ги имаме му ги префрлил на сопственикот на хидроцентралата. Јас не знам но дали знае полицијата, обвинителството, како може некој да ни го узурпира земјиштето без потпис“.
Во врска со оваа проблематика имаше реакција и од директорот на Националниот парк Шар планина, Ибрахим Дехари. Тој бара да се почитува законот за национални паркови и да се забранат хидроцентралите.
„Во заштитените зони, националните паркови, хидроцентралите се забранета категорија, така е и според меѓународната конвенција. Од ова место со убава природа но уништено од човечки фактор и со овие гробници зад нас од челик, апелирам до Министерствата и Владата да помогнат и да ги поништат овие концесии на концесионери кои имале одредена дозвола но на која и истекол рокот, и ова место да се врати во првобитната состојба“, вели Ибрахим Дехари.
Инаку, освен што се уште не се прекинати работите за хидроцентралите на Шар планина, се дознава дека на хидроцентралите им се продолжени концесиите за работа, а тие што граделе, и ги уништиле патиштата и земјиштата на жителите, никогаш не ги вратиле истите во првобитната состојба.
Превземено од: 21тв