Герила акција на Just Stop Oil за време на светското првенство во снукер

Групата Just Stop Oil објави соопштение на твитер откако двајца нивни активисти ја прекинаа играта на еден од натпреварите на светското првенство во снукер.

Извонредните сцени се случија за време на судирот на Роберт Милкинс против Џо Пери во вечерната сесија во Крусибл. Натпреварот траеше само неколку минути, пред еден демонстрант да се спушти од трибините и да се качи на масата за снукер.

Потоа продолжи да фрла „креди во боја“ врз масата – со што беа покриени речиси сите топки и половина маса. Откако активистот беше отстранет, официјалните лица одлучија да ја прекинат играта на натпреварот и ги отстранат сите топки од масата за да се исчистат.

Вториот демонстрант се обидел да го направи истото на другата маса, на која се одржуваше натпреварот помеѓу Марк Ален и Фан Женгји. Но, обезбедувањето навреме интервенирало и успеало да спречи било каква штета.

Групата се огласи на Твитер за да ги објасни своите постапки, во прилог цело соопштение на Just Stop Oil:

„Околу 19:20 часот, двајца приврзаници на Just Stop Oil го прекинаа Светското првенство во снукер во театарот Крусибл во Шефилд, прекинувајќи ја играта. Парот продолжи да ги покрива масите со портокалова прашкаста креда пред да бидат отстранети од обезбедувањето и уапсени.

Тие бараат Владата веднаш да ги запре сите нови проекти за фосилни горива во ОК и ги повикуваат спортските институции во ОК да се приклучат на граѓанскиот отпор против геноцидната политика на Владата.“

Последно