Златанов: Откажете им послушност на криминалците

Пишува Давид Златанов, член на ЦК при политичката партија Левица

Не ми се јасни СДС и ДПМНЕ, ова ми се вртка низ глава буквално од кога почнаа протестите.

Првите т.н. ,,демократи’’ и ,,open minded’’партија што со протести против тогашниот министер за смрт(здравство) дојдоа на власт, а сега истите се најголеми противници на протестите и се обидуваат да го заташкаат најголемиот скандал што се има случено во нашиот здравствен систем, па и пошироко.

А вториве пак, ,,најголемите патриоти’’ што постоеле во оваа земја, молчат како некои исплашени глувци и тоа молчат за скандал во кој народот се убивал системски и уште погадно е тоа што го тераат членството да седи дома, епа другари вмровци треба да сфатите дека тоа се криминалци и дека немаат ни ,,п” од патриоти.

Ама едно е јасно и двете големи коорпорации се дел од геноцидот што се случувал на онкологија и се уплашени да не им излезе прљавиот веш во јавност. Затоа откажете им послушност и оставете ги криминалците нека се прават ,,демократи’’ и ,,патриоти’’ по затворите, каде и им е местото, затоа што не убивале без око да им трепне само за да натрупаат богатсво.

Време е да излеземе на улица и да ги пратиме овие убијци во историјата, ова е скандал кој не смее да биде заборавен затоа што сите сме изгубиле некој од страшната болест или имаме некој што се се уште се бори со неа. Ова е борба за нашите мајки, татковци, баби, дедовци и нашите деца и роднини. Излезете не седете дома затоа што седењето дома прави атмосфера дека народот го прифаќа се ова, ако го прифаќате ова само заради партиска наредба, сериозно треба да се запрашате дали има нешто човечко останато во вас !

Последно