Фејзбук статус на проф. д-р Билјана Ванковска
Слушам ТВ дебати обично со задоцнување (на Јутјуб). Се разбира, главна тема се изборите. Најинтересен и најиндикативен момент ми е што сите почнуваат сѐ почесто да ја дебатираат (пардон, напаѓаат) Левица и конкретно Димитар Апасиев, а никој не ги поканува во студио. Тоа е како во старата изрека: прво ти се потсмеваат, после те напаѓаат, на крајот – победуваш! Тие не биле вистински политичари и сиот тој џез … излегува од устите и на двата политички блокови, а стравот се чувствува иако го кријат.
Сите “слободни медиуми” ставија под бојкот парламентарна партија, со години! Долго ја игнорираа, после се шегачеа, сега веќе ја калкулираат во изборната математика. Тие станаа политички Волдеморт, оние-чие-име-не-смее-да-се-изговори. И сега ги (о)зборуваат употребувајќи еуфемизми и шифри, само името да не им се изговори. Освен случајно, со лапсус …
Толку од фер-плејот и на политичката сцена и во медиумите. Дури и архетипските “непријатели” си подаваат рака, си организираат божем дебати – а сѐ што прават е жилава борба за задржување на политичкиот статус кво и умилкување до “нашите стратешки партнери”.