Став на Катерина Илиева – член на сектор политички систем при Левица

Дебарските графити со фашистички симболи не се само случаен акт на вандализам, туку и откровен израз на длабокиот проблем во македонското општество. Ова несомнено открива слика на политичкиот систем кој сè уште е далеку од трансформација, и покрај ветувањата на новата власт во предизборието, политичкиот систем се соочува со деградација што резултира со дискриминација на македонскиот народ во сопствена држава.

Во Македонија, земјата на чудата, наместо правосудството да биде стражар на правдата и интегритетот, забележуваме континуирана криза на довербата во судската власт. Очигледно е дека претходната, па и тековната влада, наместо да се примијат за одговорни за властите на многу нивни номинации во судовите, што резултираше во подредување на судија и судии базирано на партиски и етнички пристапи, наместо на нивната стручност и независност, се уште вандалските испади поминуваат “како досега”.

Претседателот и неговата влада никако да започнат да настојуваат да ја реформираат судската власт, да ја протресат корупцијата и да ја обноват довербата во правдата. Одговорноста за враќање на довербата во правосудството не е само правилно, туку и неопходно за ослободување од влијанието на оние кои го поддржуваат и профитираат од нивното кршење на законот и институционалната криза. Во крајна линија, за да ги надминеме овие предизвици, потребни се радикални системски реформи и вистинска ангажираност за промена.

Македонија има потенцијал да биде модел за посилна, поинтегрирана демократија, но тоа зависи од владината способност да изведе реформи, кои не се сведени само на обична поделба на едно министерство на три, и нели, да ги почитуваме нашите основни демократски вредности. После низа вандалски настани кои се случуваат на територијата на Македонија, поради никаков конкретен ангажман од страна на премиерот и новата влада, реалноста нѐ предизвикува да размислуваме дали има доволно политичка волја за справување со корупцијата и недовербата во судството. 

Владата треба да ги поддржува стручните кадри и да ги имплементира препораките за реформи, па макар тоа да се и од Левица, оној субјект кој испадна од комбинација за формирање на влада заради десниот фокус кон краткорочни политички интереси. Одговорноста за напредокот на демократијата е на ниво на централната власт, која мора да се однесува со сериозност и да демонстрира посветеност кон вистинска промена. Ама пак и да ги разбереме. И летен одмор мора да има, по можност цели 90 дена од вкупно “во првите 100 дена ние ќе…!”